Забава
Кралицата Елизабета слави 90 години: Била механичар и возач во II Светска војна
Кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета II, го слави својот 90 – ти роденден, а нејзиниот живот е толку необичен, што ја одбележува современата историја.
Елизабета е толку посебна, што за време на своето долго владеење станува омилен члeн на кралското семејство и покрај бројните подигања и падови. На престолот седнала со само 27 години, а за таа улога на кралица се подготвувала од десет годишна возраст. Кога нејзиниот татко кралот Џорџ VI, и соопштил дека ќе биде кралица, таа не била ни малку среќна, но ја прифатила улогата која ќе ја игра цел живот. Самата кралица одамна изјави дека за улогата се подготвувала долго.Во богатата и живописна биографија има доста интересни детали за кралицата.Со сопругот Филип нема идеален однос, но со него се знае речиси цел живот. Го запознала на 13 години, а рoднини се од второ колено. Нејзината мајка и баба и се противеле на бракот со него, затоа што тој бил православен, а неговите сестри биле мажени за нацисти. Во текот на годините добиле четири деца, синовите Чарлс, Ендру и Едвард, како и ќерката Ана.Кралицата од мали нозе фасцинира со својот стaв. Одсекогаш имала големо чувство за одговорност, а Винстон Черчил, за неа, додека мила мала, рекол дека е „голем авторитет“.Кралицата Елизабета служела во II Светска војна, поминала воена обука и во 1945 година се придружила на војската, како механичар и возач во помошните територијални сили. Таа имала 18 години тогаш, а е единствен жив член на кралското семејство кој учествувал во Втората светска војна.За време на своето владеење посетила толку многу европски и воневропски земји, што станува најшетаниот шеф на држава во историјата.Таа обожува шешири во пастелни бои, коњи и фотографија. Се зборува дека знаела на луѓето да им испрати писмо со сочувство кога ќе угинел некој коњ, а тоа никогаш не го направила за починат човек.Славеничката има и некои сосема чудни овластувања. На пример, сопственичка е на сите лебеди на реката Темза, но и на сите делфини што пливаат околу островот. Нејзе не и треба возачка дозвола и е единствената личност во Обединетото кралство, на која не и е потребна дозвола да вози. Нејзините автомобили не треба да имаат регистрација.Таа има приватен банкомат, што се наоѓа во Англиканската црква, надживеала пет Папи, а може да ја урне австралиската влада, кога и да посака.Иако на 21 април е нејзиниот вистински роденден и слави 90 години, официјално нејзиниото раѓање се слави во јуни, кога е крунисана./крај/т/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

