Региони
ЕВН Македонија ќе ја електрифицира туристичката населба Равна река
ЕВН Македонија и општината Пехчево во петокот објавија дека ќе ја градат дистрибутивната мрежа во викенд населбата Равна река.
Над 300 корисници, неколку хотелски објетки и пет мали хидроелектрични централи ќе бидат приклучени на новата дистрибутивна мрежа. Ќе биде поставена 13 км кабловска среднонапонска 10/20 кВ мрежа, ќе се изградат четири нови трафостаници и ќе биде изградена пет километри нисконапонска мрежа.
“Сето она што е предвидено во развојниот план за Равна Река, оваа нова дистрибутивна мрежа ќе го опфати. ЕВН Македонија се вклучи во овој проект затоа што тој е од големо значење за развојот на регионот и е во интерес на нашите корисници” рече Игор Гиевски, член на управниот одбор на ЕВН Македонија.
Задоволство од стартот на проектот изрази и градоначаникот на Општина Пехчево, Игор Поповски.
“По долго планирање направивме еден голем проект кој ќе биде многу значаен за развојот на туризмот во Пехчево, за развојот на туристичката населба Равна Река и на сите делови кои гравитираат кон оваа населба“, изјави градоначалникот Поповски.
ЕВН Македонија ќе инвестира над 600 000 евра, а општината ќе ја изготви сета потребна документација и дозволи за изградба на проектот, се вели во соопштението. /крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.