Забава
Видео – Лутиот мрмот го касна градоначалникот за уво

Градоначалникот на гратчето Сан Прери во американската сојузна држава Висконсин непријатно беше изненаден откако се увери дека мрмотот Џими освен да прогнозира, кога е нерасположен знае и да каса.
Џими, како и во повеќе американски градови, е официјалниот мрмот прогнозер на Сан Прери, го каснал градоначалникот за увото на одбележувањето на Денот на мрмотот во понеделникот, пренесуваат американските медиуми.
На градоначалникот Џонатан Франд му го приближиле мрмотот за да му дошепне уште колку ќе трае зимата, но сепак и покрај ненадејната непријатност и болка објави дела Џими предвидува скор крај на зимата.
Дополнителниот заплет настана кога луѓето кое се грижат за мрмотот, Џери и Марија Хан, изјавија дека градоначалникот погрешно го разбрал Џими, кој всушност предвидел дека зимата ќе трае уште шест седмици.
„Војната“ продолжи и градските власти подоцна објавија соопштение во коешто истакнаа дека единствено градоначалникот е меродавен да ги толкува прогнозите на мрмотот./крај/мф/сн
Се вчитува прикажувачот на видео…
Извор: Associated Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кејт Мидлтон направи грешка со шминката, принцезата Шарлот ѝ помогна

Кејт Мидлтон присуствуваше на церемонијата по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. Нејзиното семејство ѝ се придружи на настанот, а принцезата Шарлот ѝ помогна на мајка си да избегне прилично честа козметичка несреќа.
Шарлот се навали кон Кејт и со прстот го допре аголот од нејзините усни, што многумина претпоставија дека карминот на Кејт се размачкал. Војвотката од Кембриџ потоа ѝ се насмевна на својата ќерка во знак на благодарност.
Да потсетиме, по повод 10-тиот роденден на принцезата Шарлот, Кејт и Вилијам објавија нова фотографија од неа со пораката: „Среќен 10-ти роденден, принцезо Шарлот“.
Забава
(Видео) Мајли Сајрус објави емотивно црно-бело видео, плаче додека ги пее стиховите

Мајли Сајрус објави емотивна песна и видео од нејзиниот албум „Something Beautiful“.
Денес, поп-ѕвездата го објави синглот „More to Lose“, втората песна од нејзиниот претстоен албум, кој треба да излезе на 30 мај.
„Во песна како „More to Lose“, се обидувам да отпеам сè од првиот обид. Toa е навистина приказна и не сакам ништо да ја прекинува, да ја преиспитува или да брка совршенство“, рече Сајрус во разговор за песната.
Забава
(Видео) Тони Цетински им ја посвети новата песна на децата на разведени родители: „Тие страдаат“

Тони Цетински објави нова песна. Се вика „Пиши пропало“. Композитор на песната е Анте Пекотиќ.
„Морам да признаам дека имав тешка задача во оваа нова песна, бидејќи не само што Анте напиша нешто многу искрено, интимно и силно, а таквите работи воопшто не се лесни за изразување во песна, туку и јас самиот поминав низ истото што Анте го подвлече во зборовите на авторот во оваа песна. Многу ми е чест и му благодарам многу за довербата, бидејќи не секој може да напише нешто вакво и да го изрази пред луѓе“, рече Цетински.
Тој ја посвети песната на децата на разведени родители.
„Многу луѓе, некаде таму, можат да се идентификуваат со она што го претставува ‘Пиши пропало’, па затоа се согласивме да им ја посветиме оваа песна ним, како и на сите деца на разведени родители. Да, за жал, денес има многу разводи меѓу родителите и го сметам тоа за пораз за двете страни, каде што децата многу често страдаат. Би сакале да не биде така и љубовта кон децата секогаш да биде на прво место“, додава тој.