Забава
Нема повеќе крстосувања на Северниот пол
Почнувајќи од 2016 година, повеќе нема да има крстосуваа на Северниот пол, бидејќи рускиот мразокршач „Педесет години победа“, последната турнеја ќе ја одработи во летото 2015 година.
Станува збор за најголемиот мразокршач на светот на нуклеарен погон, а одлуката на руската влада за негово повлекување од туристичката понуда е донесена поради тоа што бродот во иднина ќе и’ биде неопходен за нејзините потреби во текот на целата година.
Крстосувањето на Северниот пол ова лето е веќе распродадено. Мразокршачот може да прими 18 патици, а едена од најголемите атракции што се нудат е пливањето во мраз.
Ваквата авантура, меѓутоа, воопшто не е евтина. Патниците за оваа поларна тура треба да одвојат по најмалку 18.975 евра./крај/мф/сн
Извор: Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Модно издание кое го „одзема здивот“: Џенифер Лопез на Мет Гала во фустан со 2,5 милиони перли
Џенифер Лопез се појави на Мет Гала, најважниот моден настан на годината, во сребрен фустан кој го „одзема здивот“, а интересно е што ова рачно изработено парче имаше 2,5 милиони рачно шиени перли.
#MetGala co-chair Jennifer Lopez sparkles on the steps pic.twitter.com/R3PtKAx13I
— The Hollywood Reporter (@THR) May 6, 2024
Пејачката и актерка ги воодушеви модните критичари во проѕирен фустан на Schiaparelli по нарачка. За рачно везење на ова парче облека биле потребни повеќе од 800 часа, а содржи повеќе од 2,5 милиони сребрени перли.
Креацијата ја спои со чевли на платформа и клач чанта во соодветни тонови.
Ѓерданот на Лопез, со речиси 100 карати дијаманти, го обезбеди Tiffany & Co., како и нејзините обетки, нараквица и два прстени.
Забава
Николас Кејџ доби една од главните улоги за поинаква приказна за Исус
Николас Кејџ е еден од актерите што добија улога во претстојниот хорор-филм The Carpenter’s Son. Хорор-филмот го режира Лоти Нејтан, кој го напиша и сценариото.
Според „Дедлајн“, The Carpenter’s Son го истражува животот на младиот Исус Христос и неговото семејство. Станува збор за мрачна приказна за семејство што се крие во Египет.
Николас Кејџ ќе го игра Карпентер (Џозеф од Библијата), а Ноа Јуп ќе го игра момчето (Исус), пренесува „Дедлајн“. Режисерот Нејтан најде инспирација за хорор-филмот во Евангелието на Тома од детството, кое датира од 2 век од нашата ера.
Не е познато кога ќе почне снимањето на филмот, ниту кога гледачите ќе може да го гледаат во кината или на стриминг-сервисите.
Забава
Не знаат да се опуштат: хороскопски знаци кои постојано се загрижени за иднината
Грижата за иднината е вообичаен феномен, а стравот од непознатото може значително да влијае на нашето секојдневие. Додека некои луѓе не се грижат за деновите што претстојат, други постојано се грижат за тоа што може да тргне наопаку. Еве во кои хороскопски знаци се родени луѓе кои не можат да ја прифатат сегашноста.
Девица
Девиците се познати по нивната склоност кон перфекционизам и аналитички пристап кон животот. Нивната постојана потреба за контрола и детално планирање често ги спречува да се опуштат. Девиците постојано ги анализираат сите можни исходи од настаните и често се грижат за проблемите кои можеби никогаш нема да се појават.
Шкорпија
Шкорпиите се интензивни и емотивни, а нивното длабоко емоционално вложување во сите области од животот ги прави особено чувствителни на идните неизвесности. Нивниот фокус на скриените аспекти на секоја ситуација може да доведе до прекумерна грижа за потенцијалните негативни сценарија.
Рак
Раковите се многу интуитивни и емотивни, а нивната грижа често произлегува од нивната потреба за сигурност и стабилност. Тешко се справуваат со неизвесноста, поради што често размислуваат за најлошиот исход за психички да се подготват за сите можности.