Македонија
Јанева: Граѓаните ќе дознаат кој се богател на нивна сметка
Специјалното јавно обвинителство во четврток го изготви вториот шестмесечен извештај за неговата работа, а за разлика од првиот извештај, Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, најави дека овој извештај ќе го презентира во Собранието пред пратениците и пред Советот на јавните обвинители.
Таа изјави дека е подготвена да го презентира извештајот во периодот од 19-ти до 30-ти септември и во своето обраќање на прес-конференцијата ја уверуваше јавноста дека граѓаните ќе дознаат кој се богател на нивна сметка и дека украдените пари ќе се вратат во Буџетот на Република Македонија.„Целата македонска јавност треба да биде уверена дека СЈО ќе продолжи со својата работа, за граѓаните на Македонија да ја дознаат вистината кој и на кој начин во периодот од 2008 до 2015 година извршил кривично дело поврзано и кое произлегува од незаконското следење на комуникациите, кој се збогатил на сметка на граѓаните на Македонија и тоа богатство да биде вратено во Буџетот на Република Македонија и да биде искористено на адекватен начин и најважно од сé СЈО на законски начин да утврди кој вршел незаконско прислушување во Македонија во периодот од 2008 до 2015 година и со која цел. Со донесувањето на Законот за СЈО снимките од незаконското прислушување добија законска форма, претставуваат доказен материјал и како такви станаа дел од правниот систем односно законот го имлементира светскиот стандард дека јавниот интерес е пред интерсеот на поединецот, особено пред интересот на оние кои практикуваат власт“, изјави ЈаневаТаа апелираше Собранието да ги донесе предложените законски измени на Законот за заштита на сведоци за да може СЈО да навлезе во сржта на предметите, како што се „Мартин Нешковски“, „Монструм“ и „Сопот“. Во период од 15-ти март до 15-ти септември отворени се и четири истражни постапки во кои се опфатени 40 лица.Како и во првиот извештај и во овој, СЈО наведува дека државните органи ја отежнуваат работата на ова Обвинителство. Прес-конференцијата се одржа во новите простории на СЈО каде се преселија од привремените простории во центарот на Скопје./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Возобновени 19 мостови во Градски парк и реновиран Халк корнерот во Лептокарија
Халкбанк АД Скопје, во рамки на својата платформа за одржлив развој и заштита на животната средина HalkEco, изминатиот период ги заврши активностите за повторно обновување на 19 пешачки мостови во Градскиот парк, во Скопје, како и обновување на зелениот Халк корнер во трговскиот центар Лептокарија, во Скопје.
Овие активности се дел од заложбите на Халкбанк како општествено одговорна компанија, активно да работи на создавање подобри услови за сите граѓани преку поддршка на инфраструктурни и еколошки проекти.
Проектот за реновирање на мостовите опфати премачкување на металните конструкции со антикорозивна боја, како и чистење на површините, со цел мостовите да останат безбедни, издржливи и функционални за сите посетители на паркот.
Истовремено, зелениот Халк корнер во Лептокарија, кој претставува вистинско забавно и еко катче, доби обновена и репарирана опрема. Ова место продолжува да служи како простор за дружба и релаксација, кој ги обединува граѓаните од сите возрасти и дополнително го разубавува урбаниот пејзаж на Општина Карпош.
Ова не е првпат Халкбанк да инвестира во овој сегмент. Во 2020 година, банката изврши целосно реновирања на мостовите, како и целосна изградба на Халк корнерот, а со тековните активности, уште еднаш ја покажува својата долгорочна грижа за заедницата и животната средина.
Токму преку вакви иницијативи, Халкбанк покажува дека е повеќе од финансиска институција – таа е активен поддржувач на заедницата, институција која инвестира со визија и грижа за секојдневието на граѓаните.
ПР
Скопје
Герасимовски ги награди најдобрите со престижниот „Феникс“ – признание за трудот на центарци
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за исклучителни постигнувања во стопанството, уметноста, образованието, спортот и други значајни области.
„Наградата е признание за трудот, талентот и ангажманот на нашите центарци кои активно ја промовираат и претставуваат нашата општина на домашна и меѓународна сцена“, истакна Герасимовски, честитајќи им на наградените.
Во категоријата поединци и групи – творци, добитници на наградата се:
– Љупчо Трајковски Фис – композитор, познат по „Дебармаалска елегија“.
– Михаил Арсовски – иноватор и едукатор, награден за постигнувања во природните науки.
Во категоријата наградени ученици и студенти:
– Кристијана Пецалевска – ученичка во V одделение при ООУ „Кочо Рацин“, наградена за натпревари по математика и ликовна уметност.
– Ива Амелија Микулчиќ – ученичка во IV одделение при ООУ „Гоце Делчев“, наградена за постигнувања во пијано.
– Су Али – ученичка во ООУ „Коле Неделковски“, за успеси во модерен танц.
– Дамјан Давидовски – ученик во IX одделение при ООУ „Кочо Рацин“, водечки македонски скијач во категорија јуниори.
– Мила Митровска – ученичка во ООУ „Димитар Миладинов“, за постигнувања во природните науки.
– Паноника Хаџи-Стефанова – ученичка во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, за значајни резултати на регионални натпревари.
Наградените добија дипломи и паричен износ од 20.000 денари.
Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар ќе продолжат посветено да ги мотивираат жителите на Центар кон нови успеси, поттикнувајќи ги да бидат амбасадори на креативноста, знаењето и иновативноста.
Скопје
Богата музичка програма по повод патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“ во општина Илинден
Учениците од ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино како и подрачните училишта во Мралино и Бунарџик на свечен начин и со повеќе дневна програма и активности го одбележаа патрониот празник на училиштето.
Во рамки на одбележувањето во текот на неделата се одржаа повеќе активности во кои беа вклучени учениците. Во подрачното училиште во Мралино се одржаа спортски игри, есенски настан во подрачното училиште во Бунарџик како и ликовна узложба и свечена завршна приредба во централното училиште во Кадино.
Спортската сала во која се одржа свечената приредба беше претесна за да ги прими сите оние кои сакаа да го проследат одбележувањето на 45 годишнината од постоењето на училиштето, а меѓу присутните ученици, родители, поранешни директори и гости беше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Учениците се претставија со богата културно-забавна и уметничка програма, што беше исполнета со драмски точки, рецитали, ритнички вежби, хорска изведба, фолклор. За прекрасно изведените точки учесниците во приредбата беа наградени со бурни аплаузи.