Македонија
СДСМ: За шест месеци починале 82 новороденчиња, за две недели 20 новороденчиња
Во изминатите шест месеци од оваа година починале дури 82 новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство. Само во последните две недели починале 20 новороденчиња, соопшти Ангелчо Андоновски од Комисија за здравство на СДСМ.
Тој го повика Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој го нарече министер-смрт, да излезе пред граѓаните со официјалната бројка којашто е должен да ја достави и до СЗО, но и пред сопствениот народ.
„Запрепастувачката бројка од која се фрапирани дури и Вашите верни поддржувачи се должи на Вашата неспособност, вашиот партизиран кадар, нефункционалниот систем, недоволниот број на доктори и некористењето на модернистички методи. Подучени од околните европски држави каде министрите за здравство даваат оставка само поради тоа што отишле преку ред за оперативен зафат, Тодоров мора да замине веднаш! Вакви здравствени катастрофи недозволиво е да се случуваат!“, изјави Андоновски.
Тој најави дека по демократските промени, СДСМ ќе го департизира здравството.
„Вистинските професионалци, најсилниот докторски потенцијал и целокупната системска поставеност ќе ја насочи кон тоа новороденчињата да добијат врвна здравствена заштита. Новата одговорна Влада на СДСМ ќе обезбеди квалитетно и достапно здравство и ќе се грижи за здравјето на новороденчињата и животот на граѓаните“, изјави Андоновски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.