Забава
Заврши спектакуларното бар шоу во Скопје победниците ќе се натпреваруваат во Кејптаун
Здружението на Бармени на Македонија како единствена институција на територијата на Македонија која има за цел да ја подигне професијата бармен на повисоко ниво, а и да ја подигне коктел културата, во вторникот навечер го заврши 7-то Државно првенство на бармени кое се одржуваше во „Хотел Стоун Бриџ” во Скопје.
Вкупно 30 учесници беа дел од квалификациите, а се оценуваше според неколку критериуми: брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел (оценувано од технички судии), работа со барски прибор, хигиена при подготовка и бар простор, декорација, контакт со публика од сцена, ниво на позитивна енергија, и secret tasting (тајно оценување на вкус зад сцена). Во квалификациите, натпреварувачите подготвуваа два коктела.
Од сите пријавени учесници, според оценките на стручното жири, дванаесет од нив во финалето се бореа за титулата Бармен на Македонија за 2014. Во финалето, критериумите и оценките се исти, а се пренесуваа поените во техника од квалификациите, додека судиите за оценување на вкус беа променети.
Финалистите беа поделени во четири групи по тројца натпреварувачи на сцена. Меѓу секоја натпреварувачка група се претставија и бармените во категоријата „флертендинг” (акробациски движења и елементи на жонглирање со барската опрема), каде од стручното жири се оценуваше брзина, техника на мешање пијалаци и изведба на сцена.
Победниците во класична подготовка на коктели се:
1. место: Дарко Ангелов – коктел „Red Passion”2. место: Александар Цветковски – коктел „Бомбонче” 3. место: Коста Јовановски – коктел „Forbidden Lollypop”
Победници во категорија флертендинг:
1. место: Бобан Васиќ – коктел „Vanilla Barry2. место: Александар Бошев – коктел „Purple Eldertini”3. место: Дарко Ангелов – коктел „Mango Flower”
Првопласираните Дарко Ангелов и Бобан Васиќ, со нови рецептури, ќе го претставуваат Здружението на Бармени на Македонија на World Cocktail and Flairtending Competition во Кејптаун (Јужноафриканската Република) од 29-ти септември до 4-ти октомври 2014. Покрај оваа престижна награда, на првопласираните коктели во двете категории, официјалниот софтверски партнер „Акцент Компјутери” и “Синерџи” им додели лиценца за користење на софистициран софтверски пакет за угостителско работење – EASY POS, кој со својата едноставност и практичност ќе го олесни нивното работење и работењето на менаџерите на локалите кои ги претставуваа на ова првенство.
Стручното жири го сочинуваа: Анџела Стефановска – професионален тренер за сертифицирање Баристи, лиценцирани од SCAE (Speciality Coffee Association of Europe) и INEI (Национален Институт за Италијанско Еспресо), победникот на првиот Diageo Reserve World Class, Аристотелис Пападопулос, Бојана Тевчева – водител на ТВ Магазинот Таблоид како и Никос Арсланоглу, учесник на Diageo Reserve World Class.
Tехниката во категоријата флертендинг ја оценуваше Роберто Бошковски – еден од првите флертендиг бармени во Македонија, како и учесник на првото Државно првенство во класата флертендинг./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

