Свет
Forbes: Трамп за една година изгубил 800 милиони долари
Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп „тежи“ 3,7 милијарди долари, 800 милиони помалку од минатата година, проценува во среда магазинот Forbes, кој споменатата загуба во поголем дел ја припишува на падот на пазарот на недвижнини во Њујорк.
Forbes го испитал имотот на њујоршкиот милијардер и утврдил дека 18 од 28 недвижнини загубиле на вредност, вклучувајќи ја и Трамп Тауер на Менхетен и Мар-а-Лаго Клуб во Палм Бич на Флорида. Според Forbes, кој го следи богатството на Трамп во последните 34 години, паднала вредноста и на недвижноста на 40 Волстрит.Истовремено, една недвижност ја задржала својата вредност, додека седум недвижнини, вклучително и недвижноста на адреса 555 Калифорнија Стрит, што е втората најголема зграда во Сан Франциско, пораснала.Детали од богатството на Трамп не се познати. Противејќи се на децениската традиција на американските претседателски кандидати, Трамп одби да ја објави својата имотна карта. /крај/хн/ст
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.
Свет
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Бербата започнува веќе во октомври.