Забава
Петиција за полничка принцеза на Disney
Повеќе од 22 илјади луѓе ја потпишале онлајн петицијата со којашто од медиумската корпорација „Disney“ се бара новиот лик на принцезата кој би бил пополничка и ми ги имал сите прекрасни особини на претходните незаборавни но слаби анимирани женски ликови, пренесува BBC.
Кампањата онлајн го организирала американската средношколка Џевел Мур од местото Фармвил во сојузната американска држава Вирџинија, којашто и самата е полничка и верува дека позитивен „покрупен“ лик би испратил поттикнувачка порака за жените низ светот коишто се борат со вишокот килограми.
„И самата сум покрупничка, а знам уште многу девојки на коишто им е потребен еден таков медиумски лик во поголема величина“, ја појаснува Мур својата иницијатива.
„Кога Disney би го направил главниот женски лик во поголема величина кој би бил исто толку паметен, прекрасен и незаборавен како и некои други, тоа и донело многу добро на сите оние дебелки во светот којшто непрестајно да се бомбардираат со призори поради кои се чувствуваат грди, бидејќи не им одговараат на слабите стандарди“, порачува Мур.
Медиумската франшиза Disney Princess во сопственост на компанијата „Walt Disney Company“ е основана кон крајот на 1990-те а ги опфаќа некои од најпознатите Дизниеви женски ликови како Снежана креиран во 1937 година, Пепелашка во 1950-те, Малата сирена во 1989-та, Покохонтас во 1995 година и други.
Познатите анимирани филмови на „Walt Disney Company“ покажуваат донекаде помодерни размислувања, па на пример во „Многу заплеткана приказна“ од 2010 година и во „Снежното кралство“ од 2014 година, меѓутоа иако главните хероини се посмели и понезависни, сите се слаби.
Засега од „Walt Disney Company“ не одговорија на петицијата на Мур.
Ким Калмон, потпретседателка за дизајн во компанијата „Mattel“, којашто ги произведува куклите Барби често критикувана поради нереалните телесни пропорции, во едно интервју се обиде да го одбрани ставот на произведувачите по ова прашање. „Девојчињата светот го гледаат сосема поинаку од нас возрасните, Ме му пристапуваат од тој агол и со иста вид товар како ние“, вели Калмон. Тврди дека нејзината компанија е заинтересирана за „развивање“ на телот на Барби, но напомена дека мораат да внимаваат таа и натаму да може да ја облече својата облека./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејти Пери со роденденската торта предизвика бес кај фановите: „Ова е патетично“
Пејачката Кејти Пери го прослави 41. роденден на својата турнеја, но наместо честитки, доби лавина критики поради еден потег што го сподели на социјалните мрежи.
На видеото од прославата се гледа како Пери ги дува свеќичките, а потоа ја фаќа тортата и ја фрла кон еден член од тимот, кој во последен момент ја избегна. Тортата заврши на земи, а некои од танчерите потоа јадеа парчиња од подот.
View this post on Instagram
Фановите ја осудија сцената, нарекувајќи го однесувањето на пејачката „незрело и без почит“. „Тимот ѝ подготви торта со љубов, а таа ја фрли на под – патетично“, напишал еден корисник. Друг додал дека Пери „треба да се спушти на земја“.
Забава
Кендал Џенер: Бев многу љубоморна на сестра ми Кајли
Манекенката Кендал Џенер во новата епизода на реалити-серијата The Kardashians откри дека како тинејџерка била љубоморна на својата помлада сестра Кајли, затоа што родителите имале многу полабав однос кон неа.
„Кајли пушеше трева пред мене, и јас се налутив. ѝ реков: ‘Ти си дегенерик!’“, раскажа Кендал, додавајќи дека вистинската причина била љубомората — „бев љубоморна што не бев толку слободоумна како неа“.
На крај, призна дека и самата им се придружила и дека „си поминале супер“. Според неа, тогаш имале само 16 и 14 години.
Кајли потврди дека, како најмладо дете, успевала да избегне многу родителски правила. „Мама беше построга со постарите, а со мене веќе беше поопуштена,“ рече таа, додавајќи низ смеа дека Кендал во тие години била „вистински хејтер“.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.

