Европа
Херман: Нападот во Ансбах „многу веројатно“ терористички чин
Нападот во германскиот град Ансбах во кој во неделата дозна навечер пред ресторан 27-годишен Сириец активирал експлозив загинувајќи и притоа ранувајќи 12 лица, „многу веројатно“ е чин на исламистички тероризам, изјави во понеделникот баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман.
„За жал, мојата лична процена е дека верувам оти тука многу веројатно се случил вистински исламистички самоубиствен напад“, изјави за агенцијата DPA, министерот за внатрешни работи на јужната германска федерална земја Баварија, Јоахим Херман. Додава дека барањето за азил на напаѓачот минатата година бил одбиен, но му било дозволено да остане во Германија поради судирот во Сирија.
Овој Сириец веќе во два наврата претходно се обидел да се убие и бил лекуван во психијатриска болница, изјави Херман пред одржувањето на прес-конференцијата посветена на нападот.
Од дванаесетте повредени, три лица се во тешка состојба. Мажот носел ранец со експлозив и метални делови кои можеле да убијат повеќе луѓе, рече Хермани.
Овој напад ќе ја зголеми растечката несигурноста во германската јавноста поради политиката на отворени врати за барателите на азил на канцеларката Ангела Меркел којашто им овозможи влегување на повеќе од милиони луѓе во текот на минатата 2015 година само од земјите од Блискиот исток зафатени со конфликти, како Авганистан, Сирија и Ирак.
„Ужасно е.. што некој кој во нашата земај влегол барајќи заштита сега извршил толку гнасен чин и рани голем број луѓе на коишто тука им е домот, некои тешко. Тоа е, натаму, застрашувачки напад кој ќе ја зголеми загриженоста, којашто и онака расте, на нашите граѓани поради безбедноста. Мораме да сториме сé што е возможно за да го спречиме ширењето на таквото насилство кое го прават луѓето кои овде пристигнало барајќи азил“, порача Херман.
Рече и дека мажот, чиј идентитет уште не е објавен, живеел извесен период во Ансбах
Тој требало да биде депортиран во Бугарија, рече на брифинг со новинарите во понеделникот портпаролот на германското министерство за надворешни работи. Тој не можел да каже зошто депортирањето не било извршено, но напомнал дека тоа е во надлежноста на властите на федералните земји.
Засега не е познато дали станува збор за самоубиство или 27-годишникот имал намера освен себе да убие повеќе лица, бидејќи пред експлозијата не му било дозволено да влеза на концерт од музичкиот фестивал кој се одржувал во близината, а кој потоа беше прекинат, а околу 2.500 луѓе беа евакуирани,
Голема област околу местото на експлозијата пред ресторанот „Eugens Weinstube“ остана блокирана со часови по инцидентот.
Во Ансбах, кој има 40.000 жители, има американска воена база. Ансбах се наоѓа во германската федерална земја Баварија, околу 40 километри од Нирнберг, и околу 150 километри северозападно од Минхен.
Нападот е четврти насилен инцидент изминатата седмица во кој извршители се доселеници./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

