Контакт

Региони

Штипски ЈП „Исар“ отвори погон за селекција на пластичен отпад

Објавено пред

ЈП „Исар“ отвори погон за селекција и складирање на отпад, со тенденција да прерасне во фабрика за селекција на пластика, хартија и лимена амбалажа.
 

dobivaj vesti na viber

ЈП „Исар“ отвори погон за селекција и складирање на отпад, со тенденција да прерасне во фабрика за селекција на пластика, хартија и лимена амбалажа.

 

Објектот е лоциран на булеварот „Партизанска“ близу ООУ „Тошо Арсов“. Иако скромно, машините кои се набавени и постапката најавуваат амбициозен план кој ветува проширување на капацитетите. „Иако почетоци се скромни, јас сум убеден дека сме на прагот на една голема и важна работа за Штип. Оваа фабрика за селекција на отпадот е можност ЈП Исар да генерира профит од отпадот, од една страна, а од друга да го чисти грсдот од комуналниот отпад. Јас би бил најсреќен кога секој граѓан ќе го фрле отпадот на вистинското место и кога ние како град би имале услови да ставиме на секое можно место различни контејнери за различен вид на отпад. Тоа би било најдобро решение, но секако во овој момент тоа не е можно. Граѓаните треба да научат дека отпадот се фрла во контејнер и ако вработените на ЈП Исар го преземат од таму, тие веќе многу им помогнале. Ако секој граѓанин фрла по еден килограм отпад дневно, може да се види за колкава количина станува збор. Барем половина од тој отпад е селективен, може да се преработи и со тоа да се помогне во идејата за почист град“, рече Илчо Захариев, градоначалник на Штип.Директорот на ЈП Исар, Ангел Бојаџиев рече дека иако почетоците се скромни, сепак имаат визија за успешна работа на оваа фабрика.„Инвестицијата изнесува 40.000 евра, од кои над 20.000 евра се за двете работни машини. Ова го правиме со голема помош на општината, на „Пакомак“ кои веќе неколку години се наши партнери и донираа голем број на пластични садови за селекција на отпад. Нашата намера е профитот да се реинвестира, да се купат нови машини, да се прошируваат капацитетите и со тоа да направиме услови з апочист град. Ваквите погони се мошне важни за влез на една земја во ЕУ и ете , ние го правиме првиот мал, но многу важен чекор“, рече Бојаџиев. Погонот се состои од две работни мачини: подвижна лента на која се поставува пластичниот отпад и преса која истиот го пакува. Капацитетот на машините е голем, зависи од отпадот кој ќе се донесе но во секој случај дневно можат да се пакуваат еден тон на пластична маса. Според него, во следниот период, волонтери ќе ги посетат семејствата низ градот и ќе им ја појасната полезноста и важноста за рециклирање на пластиката./крај/мф/др



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централен регистар со еден клик ги гледа електронски 

Хартиените потврди за царински долг кои се потребни за упис и промени на правниот субјект во Централниот регистар стануваат минато....

Македонија1 час

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија2 часа

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија2 часа

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет3 часа

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет3 часа

(Видео) Австралијанец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...

Свет4 часа

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк за прв пат се појави пред суд

Мажот обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се појави за прв пат лично на суд...

Свет4 часа

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

САД го зголемуваат притисокот врз Венецуела со нови санкции насочени кон тројца внуци на претседателот Николас Мадуро, меѓу другите. Двајца...

Свет4 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележани се мали цунами бранови: пристигнуваат снимки

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за...

Свет4 часа

Трамп ја презема контролата врз регулативата за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција на федерално ниво за да...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија14 часа

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија19 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија21 час

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ23 часа

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија23 часа

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...

Македонија23 часа

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ1 ден

Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на...

Македонија1 ден

Насилен упад во студиото на „Инфомакс“, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ1 ден

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...