Македонија
За 24 часа издадени потврди на 4.444 мигранти, за пет месеци вкупно над 230.000
Во вторникот од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земајта на вкупно 4.444 странски државјани, од кои 2.324 се од машки пол, 805 се од женски, 1.168 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 147 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.944, Авганистан–1.625, Ирак-496, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19-ти јуни до 10-ти ноември, издадени се потврди на вкупно 234.692 странски државјани, од кои, 140.059 се од машки пол, 35.101 се од женски, 47.674 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.858 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-148.065, потоа Авганистан-50.341, Ирак-18.465, Пакистан-4.847, Иран-4.670, Палестина-1.958, Сомалија-1.226, Бангладеш-1.065, Мароко-642, Конго-509, Алжир-349, Либан-345, Нигерија-273, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10-ти ноември до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10-ти ноември евидентиран е еден барател на азил, маж. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита три баратели на азил (малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

