Забава
Најскапите специјалитети во светот
Веб страницата Finances Online објави листа на најскапите специјалитети во светот.
Еве на кои јадења богаташите издвојуваат илјадници долари:
1. Дванаесет плодови од првиот род манго во Бризбејн се продадени на аукција за 50.000 долари, односно 4.166 долари по парче.
2. Фритата од јастог тешка половина килограм со кавијар се продава по цена од илјада долари во ресторанот „Norma’s“ во Њујорк.
3. Сирење од магарешко млеко што се продава во Засавица, Србија чини илјада евра по килограм, а за негово правење се потребни 25 литри млеко.
4. Леб во пекарницата „Hobbs House“ во Костволдс, Англија. чини 35 долари по парче. Високата цена ова печиво ја должи на 55 години стариот рецепт за кисело тесто.
5. Алмас, редок кавијар, кој се продава по цена од 25.000 долари. Се служи во 24 каратна златна лименка. Достапна е и мала лименка за 1.250 долари, а се служи во „Caviar House & Prunier“ во Лондон.
6. Ребрата „Wagyu“ се добиваат од специјално одгледувани крави од Хиого во Јапонија. Овие крави добиваат дури и масажа, за распоредот на масното ткиво и кртината да бидат слични на шарите на мермерот. Ребрата се добиваат по цена од 2.800 долари во ресторанот „Craftsteak“ во Њујорк.
7. Супата „Anqi pho“ од ресторанот „Tiato“ во Санта Моника чини 5.000 долари по порција. Се прави од јунешко, бел тартуф, рачно берен грав и тестении од ретко сино месо од јастог.
8. „The bacon bling“ сендвичот може да го купите по цена од 235 долари во Шелтенхем во Англија. Се прави од специфична ретка сланина, црни тартуфи, масло од тартуфи, златни листови и шафран.
9. Најскапо парче торта е тоа од свадбената торта на војвотката и војводата од Виндзор од 1937 година кое на аукција во Њујорк е продаено за 29.900 долари.
10. Шафранот е најскап зачин во светот што се добива од исушени толчници од цветот шафран. За половина килограм од овој зачин се потребни 75.000 цветови, а чини две илјади долари.
11. Салатата „Florette sea adn earth“ во хотелот „Hempel“ во Лондон чини 1.013 долари, а се прави од белуга, рендани тартуфи, компир со златни листови, месо од рак и јастог, како и 30 години стар балсамико оцет.
12. Златно суши во Манила на Филипини чини 2.700 долари. Се прави од 24-каратни златни листови со 0,2 каратни дијаманти сервирано со бисери од дрвото Микомото.
13. Чоколаден сладолед „The Frrrozen Haute“ што се служи во ресторанот „Serendipity 3“ во Њујорк чини 25.000 долари. Се прави од осум плодови какао, пет грама 23-каратно злато што се јаде, се сервира во златен пехар со бели дијаманти и златна лажица, што после десертот може да ја земете дома.
14. Ибериска шунка што може да се купи во Лондон. Се продава во парчиња од седум килограми и се прави од свињи хранети со природни корења, чие месо се суши три години. Со шунката добивате и ДНК сертификат, секако, ако сте подготвени да платите 2.682 долари.
15. Печурките тартуфи се едни од омилените состојки на луксузните специјалитети. Еден килограм чини 3.000 долари./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

