Црна хроника
Несудениот свекор се бори за живот избоден од сватот

Таткото се бори за живот откако неговиот син раскинал со девојката, а нејзиниот татко и брат го избодиле несудениот свекор.
Како што соопшти полицијата, во средата, околу 22 часот во полицијата било пријавено дека О.Ш.(1956) и М.Ш.(1985), биле нападнати во својот дом од лицата Р.Р.(1962) и И.Р.(1996) со нож и дрвена палка.Полицијата ги пронала и ги привела Р.Р. и И.Р., кај кои се пронајдени и нож и дрвена палка. О.Ш. и М.Ш. со возило на итна медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар-Скопје, каде кај О.Ш. се констатирани три убодни рани во градниот кош и три убодни рани во абдоменот и е во животна опасност, додека неговиот син М.Ш. се здобил со расекотина на ногата.Причина за настанот според кажувањето е бидејќи М.Ш. ја раскинал љубовната врска со ќерката на Р.Р., односно сестрата на И.Р./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство во ходник на Центарот за социјални грижи во Пехчево: ја турнал во прозорецот и таа паднала во дворот на објектот

Во Полициската станица Пехчево вчера попладне е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево, извести Министерствот за внатрешни работи.
„Според пријавеното, (В.Т.) ја турнал (В.П.Н.) во прозорецот, при што (В.П.Н.) паднала во дворот на објектот. На (В.П.Н.) и е укажана лекарска помош од Итната медицинска помош-Пехчево, а (В.Т.) е приведен во полициска станица“, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот МВР најави соодветен поднесок.
Црна хроника
Ѝ одзеле нож со остатоци од кокаин, а дома ѝ нашле амфетамин, кривична против 36-годишна скопјанка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 06.04.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што е пронајден и одземен нож со остатоци од кокаин и прашкаста материја, а при извршен претрес во домот на пријавената е пронајден и одземен амфетамин, соопшти полицијата.
Црна хроника
Скопјанка повредена откога со електричен велосипед удрила во пешак на Партизанска во Скопје

Синоќа скопската полиција добија пријава за судир на велосипедистка и пешак во која била повредена велосипедистката. Несреќата се случила на булеварот Партизански одреди.
„На 27.06.2025 во 20.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Партизански одреди во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале електричен велосипед ’бенели’, управуван од 55-годишната С.Ј. и пешакот З.Н.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј., констатирани во Градската општа болница ’Св.Наум Охридски’ во Скопје“, извести Министерството за внатрешни работи.
Увид на местото на несреќата направила увидната екипа од СВР Скопје.