Контакт

Македонија

Иванов ги прекина сите кривични постапки против лица од власта и опозицијата

Објавено пред

Претседателот Ѓорге Иванов поднесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата за, како што рече, зачувување на државните и националните интереси и ова го гледа како начин за излез од политичката криза.
 

dobivaj vesti na viber

Иванов рече дека е подготвен да ги поднесе сите критики кои по оваа одлука би стигнале на негова адреса, но убеден дека донел исправна одлука./крајмф

 

(следи поопширна верзија)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

100 психолози вклучени во зајакната психосоцијална поддршка на учениците во Кочани, Виница, Штип, Чешиново – Облешево и околните места

Објавено пред

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбеди зајакната психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде поинтензивна во општините каде голем број млади, во несреќата во Кочани, загубија браќа, сестри, другари и соученици, информираше денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

dobivaj vesti na viber

„Веднаш по трагичниот настан беа подготвени и испратени насоки до училиштата, наставниците и родителите за постапување во следниот период, односно за давање прва психолошка помош и психосоцијална поддршка. Насоките се достапни на сите пет јазици на кои се изведува наставата. Формирана е мрежа на 100 училишни психолози од Скопје, но и од други градови, кои ги насочуваме кон Кочани, Виница, Штип, Чешиново – Облешево и околните места, како поддршка на колегите во тамошните училишта, да работат со учениците, со нивните родители, наставниците и воопшто со граѓаните, а постапувајќи по посебен протокол подготвен за кризна интервенција“, рече Јаневска.

Досега 32 психолози ја минаа специјализираната обука, во која се вклучени Комората на психолози, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, и веќе обезбедуваат директна поддршка на терен. Преостанатите ќе се вклучат откако ќе ја поминат денешната обука.

На интернет страната на Министерството за образование и наука има листа со телефонски контакти на 40 психолози, членови на Комората на психолози на Македонија, кои се постојано достапни за разговор, односно за психолошко советување. На листата се наоѓаат и наменски телефонски линии за прва психолошка помош на Црвениот крст кои се во функција 24/7 .

Помош може да се побара и во центрите на Црвениот крст во секое време, како и во Центарот за ментално здравје во Кочани каде има претставници на Универзитетска клиника за психијатрија.

Јаневска ги охрабри стручните лица кои сакаат да помогнат во ситуацијата да излезат во пресрет на потребите на учениците, на родителите и наставниците. Доколку им се потребни попрецизни насоки каде се најпотребни и како да делуваат, можат да се обратат до Министерството и до Комората на психолози.

За поддршка на студентите, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е отворен центар за младинско советување.

Министерството за образование и наука, во рамки на надлежностите, и во следниот период ќе презема и координира активности кои можат да им бидат од помош на младите во справување со предизвиците, најавија од таму.

Прикажи повеќе...

Македонија

Црвениот крст: Досега се собрани 48.172.115,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани

Објавено пред

Црвениот крст информира дека досега се собрани 48.172.115,00 денари. Повикуваат и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите од пожарот во Кочани.

dobivaj vesti na viber

„Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот во Кочани“, велат од таму.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонските граѓани кои се во Љубљана сега се во рацете на стручни лекари: Муцунски ги посети хоспитализираните во Словенија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево во Љубљана ги посети македонските граѓани кои се хоспитализирани во Словенија. Притоа оствари кратки одвоени средби со министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, министерката за здравство, Валентина Преволник-Рупел, како и со медицинскиот персонал кој се грижи за нашите пациенти.

dobivaj vesti na viber

Муцунски изрази искрена благодарност за високото ниво на солидарност што Словенија го покажува во овие тешки моменти нагласувајќи дека тоа е уште еден доказ за длабоката почит и за пријателството меѓу двете земји и нивните народи.

„Би сакал уште еднаш, во име на македонскиот народ, Владата и целата нација, да се заблагодарам за исклучителната солидарност што ја покажавте – тоа зборува за високото ниво на меѓусебно почитување што го имаме меѓу себе. Македонските граѓани кои се во Љубљана сега се во рацете на стручни лекари, медицински експерти и посветени медицински сестри“, изјави министерот Муцунски.

За време на посетата тој имаше можност лично да добие информации од лекарскиот тим за состојбата на пациентите, како и да се запознае со стручниот кадар, кој има клучна улога во организирањето и реализацијата на медицинскиот транспорт.

Муцунски нагласи дека македонската амбасада во Словенија останува целосно посветена на поддршката на пациентите и нивните семејства, а кризниот штаб во Скопје е во постојана координација со сите вклучени институции во процесот на транспорт, прием и лекување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Кривични пријави за 34 физички и три правни лица, доколку постојат докази, истрагата ќе се шири, рече Тошковски

МВР во соработка со ОЈО Кочани ја завршила првата фаза од постапувањето во кривично-правниот настан, истакна министерот за внатрешни работи,...

Македонија1 час

Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, шести ден е на интензивна нега во „Систина“, велат од болницата

Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев-Панчо, повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е во стабилна состојба и во...

Македонија2 часа

Насилно задушување е причината за смртта кај сите 59 пациенти во пожарот во Кочани, соопшти првиот човек на Судска медицина

Кај сите 59 настрадани во пожарот во Кочани причината за смртта е насилна и е настаната поради насилно задушување и...

Македонија3 часа

Дискотеката имала устен договор за концертот на ДНК, објектот бил пренатрупан и никој не ги сопрел децата да влегуваат

Едниот од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“, одговорно лице во клубот, усно го договорил концертот, без притоа да биде...

Македонија3 часа

На 97 фирми им биле издадени градежни лиценци, па престанале да ги исполнуваат условите, ќе им бидат одземени, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на прес-конференција зборуваше за контролата на сите издадени лиценци во согласност со Законот...

Македонија4 часа

Таравари: Нема потреба никој да собира пари, лекувањето на повредените во странство е бесплатно

Лекувањето на 115 повредни во пожарот во Кочани е бесплатно. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес рече дека нема потреба...

Македонија4 часа

Четворица пациенти во Италија се веќе на нозе, Таравари вели може да се вратат дома следната недела, критичен е пациент во Турција

Денес, од болница излегуваат десетмина пациенти што се лекуваат кај нас, соопшти утрово министерот за здравство, Арбен Таравари. Си заминува...

Македонија5 часа

Одреден 30-дневен притвор за 13 лица за пожарот во Кочани, меѓу кои Бектеши и Трајковски

Судот го прифати предлогот на Обвинителството и определи притвор за 13 од вкупно 19 лица опфатени со истрагата за пожарот...

Македонија6 часа

ОЈО: Истражна постапка против 27 лица и три фирми за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни...

Македонија6 часа

Белград би можел да обезбеди и дополнително сместување на повредените од Кочани, ако има потреба

Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград утринава изјави дека е достапна за евентуално дополнително сместување на повредените во пожарот во Кочани,...

Македонија7 часа

(Видео) Би-би-си со реконструкција за пожарот во Кочани

Би-би-си направи реконструкција на пожарот во дискотката „Пулс“ во Кочани, каде што објаснува зошто толку многу луѓе загинале. Во реконструкцијата...

Македонија7 часа

Мораме да размислуваме како да си ги вратиме децата назад, од понеделник ќе ги имаме првите враќања, најави Клековски

Од понеделник се очекуваат првите повлекувања од странство на повредените пациенти, кои по пожарот во Кочани, беа препраќани на лекување....

Македонија7 часа

Maкедонските медиуми известуваат професионално во овие траурни моменти, оцени Министерство за дигитална трансформација

Министерство за дигитална трансформација како надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење апелира на одговорност, професионалност...

Македонија18 часа

Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои...

Македонија20 часа

Во Кочани полициска акција за приведување на лица за пожарот во дискотеката

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за...

Македонија21 час

Медицински центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани, објави Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври на социјалните мрежи објави список со медицински центри во странство каде се лекуваат пациентите од...

Македонија23 часа

Пробиштип ги испрати Никола, Матеј и полицаецот Тоше кои загинаа во дискотеката

Пробиштип денес се прости од Никола Насевски, Матеј Марковски и Тоше Тодоровски, испраќајќи ги во нивните вечни почивалишта. „Тие ќе...

Македонија1 ден

Штип се прости од петтемина свои сограѓани кои загинаа во пожарот во Кочани

Граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на...

Македонија1 ден

Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои...

Македонија1 ден

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст...