Македонија
Увезени отровни краставици од Албанија
Краставици со двојно поголема концентрација на пестициди се увезени од Албанија, а тоа некој од надлежните институции го превидел, обвини, Љупчо Николовски, дополнителен заменик–министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (во оставка).
„Минатата недела, на барање на потрошувачите и домашните раноградинари до Државната фитосанитарна лабораторија доставивме примерок од увозни краставици произведени од областа Лушна – Албанија, купени на Кванташки пазар, за да се испита присуство на пестициди. Резултатите ги добивме, а тие се загрижувачки и алармантни. Испитувањето и анализите добиени од страна на ДФЛ покажаа дека увезената краставица од Албанија содржи двојно повеќе пестициди отколку што е законски дозволено, односно концентрација на активна супстанца Metalaxyl која е отровна“, рече Љупчо Николовски, дополнителен заменик–министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (во оставка). Појасни дека Податоците за увозникот, извозникот и други релевантни податоци ке бидат службено доставени до надлежните институции за понатамошно процесуирање согласно Законските одредби кои произлегуваат од Законите со кој се третира безбедноста на луѓето и здравјето од контаминација со храна. „Останува отворено прашањето зошто затаила контролата при увоз и кој дозволил овие отровни краставици да завршат да домашниот пазар. Дали сите фирми увозници се контролираат подеднакво и како потрошувачите да имаат доверба во институциите кои ги плаќаат“, рече Николовски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)