Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Јанева сметаат дека се над Судот

Обвинетиот Зоран Заев и обвинителката Катица Јанева сметаат дека се над Судот и двајцата имаат идентични изјави, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на специјалната обвинителка, Јанева и на лидерот на опозицијата, Заев на судењето за случајот „Пуч“, во којшто обвинет е и Заев.
„Заедничко за двете изјави е тоа што и обвинетиот Зоран Заев и Катица Јанева сметаат дека се над судот, над законите и Уставот на Република Македонија и дека тие се факторите кои треба да му наложат на судот како треба да работи. Обвинетиот Зоран Заев денеска отиде дотаму што почна да ја глуми Катица Јанева, да кажува кој бил сведок во постапката и кога бил повикан, како и да ја лаже јавноста за причините за постојаното одложување на судењето за Пуч“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека Заев не се појавувал на рочиштата за „Пуч“ и за „поткупот“ од 100.000 евра, а се појавувал на рочиштата во судот во Струмица во кои тој се јавуваше како странка што тужи. „Ваквата симбиоза меѓу обвинетиот Зоран Заев и Катица Јанева не е нова. Јавноста сеуште го памети скандалот кога Катица Јанева без увид во предметот и документацијата одлучи дека нема потреба од притвор за обвинетиот Зоран Верушевски, а потоа обвинетата Соња Верушевска за ваквата одлука на Катица Јанева јавно му се заблагодаруваше на Зоран Заев за ослободувањето од притвор на нејзиниот сопруг. Јавноста ги памети и изјавите на обвинетиот Зоран Заев дадени на партиски митинг во Скопје, кога најавуваше дека ќе имало и обвиненија и притвори без разлика на тоа дали Катица Јанева имала или немала докази“, се додава во реакцијата./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.