Забава
Во Хавана избран најдобриот сомелиер во светот за кубански пури
– Најдобриот сомелиер за кубански пури (Habanosommelier), кој е избран во саботата навечер во кубанската престолнина Хавана, е Кубанецот Педро Техеда, кој работи во познатиот ресторан „Bodeguita del Medio“, второто место му припадна на Венецуелецот Хозе Переира а трет е Англичанецот Питер Добронти.
Натпреварот за сомелиер, кој ја нуди најдобрата комбинација од пури со алкохолни пијалаци и храна, се одржа во рамките на XV Меѓународен фестивал на пурите кој траеше пет дена во главниот град на Куба. Победникот на другиот натпревар во рамките на манифестацијата ткн дегустацијата на пури „на слепо”, исто така, е Кубанец, Осирис Арамас од ресторанот „Barca” во Стара Хавана.
На гала вечерта која заврши доцна ноќта кон неделата, исто така, биле прогласени и добитниците на „пура” наградите во сферата на рекламирањето, бизнисот и медиумите. Гостите на фестивалот ги забавувале најдобрите кубански актери и танчари, меѓу кои познатата кубанска пејачка 83-годишната Омара Портуондо и италијански тенор Дарио Балзанели, ученик на славниот Лучијано Павароти. Учесниците на „фестивалот на чадот” можеле да уживаат во вкусот и аромата на пурите од брендот Partagas Gran Reserva од реколтата од 2007 година. Од овој вид habanos биле направени само пет илјади кутии со по 15 пури во секоја.
Завршниот настан на манифестацијата беше аукцијата на хумидори (humidors) (специјална кутија со влага за чување на пурите). Цената на многу хумидори коишто се направени од скапоцени дрва инкрустирани со благородни метали, па претставуваат вистински уметнички дела, надминала 100 илјади евра. Сите приходи од аукцијата ќе бидат искористени, како и претходните години, за кубанскиот здравствен систем.
Фестивалот на кубанските пури собра околу 1.500 претставници на тутунската индустрија, како и експерти од 70 земји. Почесен гостин на фестивалот беше поранешниот најдобар светски тенисер Борис Бекер. Во рамките на манифестацијата, врвните хрватски готвачи Гргур Бакшиќ, Зоран Шимуниќ и Пантелија Пекиќ, подготвуваа разни специјалитети, јадења од месо и риба, десерти и пијалаци, во чијашто подготовка употребуваа тутун. Италијанската компанија „Alina International” и светски познатиот слаткар Бруно Лучијано им презентираа на гурманите за пури и сладолед со никотин.
Главни потрошувачи на кубанските пури, кои се достапни во 150 земји, се Шпанија, Франција и Кина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како изгледа денес Роуз од „Два и пол мажи“ која го демнеше Чарли
Хит серијата „Два и пол мажи“ се емитуваше од 2003 до 2015 година, а во главните улоги беа Чарли Шин, Џон Крајер и Ангус Т. Џонс.
Улогата на композиторот и женкар Чарли ја толкуваше Чарли Шин, се до кавгата со продуцентите кога беше заменет со Ештон Качер, а многумина се сеќаваат и на Роуз која со сите сили се трудеше да го освои неговото срце.
Улогата на Роуз ја толкуваше актерката Мелани Лински, која се прослави по оваа улога. Актерката минатата година постигна голем успех во кариерата со улогата во серијата “Yellowjackets”, но и покрај тоа се бореше со „стандардите за убавина“.
Таа изјави за „Њујорк Тајмс“ дека нејзината кариера првично се засновала на сценарија за „дебела пријателка“ или „смешна дебела жена“.
„Луѓето кои ја оценуваат мојата тежина и здравје се приказна за мојот живот уште од премиерата на “Yellowjackets”, напиша таа на мрежата „Х“ и додаде дека „да се биде слаб не секогаш значи да се биде здрав“.
Нејзиниот сопруг ја поддржал, пишувајќи на мрежата „Икс“: „Ако некој има несакани коментари за нечиј изглед, слободно нека ги напише со трајно мастило на челото и нека излезе директно на сонце“.
Забава
Луѓето родени во овие два хороскопски знаци не сакаат да готват
Готвењето е уметност – барем за некои луѓе. Меѓутоа, други секогаш ја избегнуваат кујната и често може да ги фатите како нарачуваат храна од ресторани. Тие луѓе можеби се родени во овие хороскопски знаци.
Водолија
Водолиите се современи визионери, а нивната имагинација често ги надминува секојдневните задачи како што е готвењето. Наместо да поминуваат време на сечкање зеленчук, тие веројатно се зафатени со создавање револуционерни идеи кои ќе го променат светот. Кујната е едноставно преполна и премногу рестриктивна за нив; тие попрво би откриле нови светови отколку да мешаат сосови.
Стрелец
За Стрелците светот е нивна авантура, а кујната е како темнина која едноставно не сакаат да ја истражуваат. Тие се премногу зафатени со мечтаење за нивната следна дестинација или планирање авантури, па кујната често ја нема на нивната мапа. Стрелците ја сакаат слободата и слободата на движење, а готвењето често ги спречува да истражат се што може да понуди светот.
Забава
Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете
Петар Грашо и Хана Хуљиќ го чекаат своето второ дете.
Ова го потврди пејачката во емисијата Ин Магазин. Парот ќе станат родители по втор пат, откако пред година и девет месеци ја добија малата Алба.
View this post on Instagram
Хана неодамна проговори за мајчинството.
„Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела е. Таа донесе нешто посебно во нашиот живот“, изјави Хана. Вели дека многу и помагаат двете баби.
Хана е среќна што Алба расте во вљубено семејство.
„Горда сум што детето расте во љубов, што за жал не е толку често во денешно време и секогаш ми е жал за децата кои ја немаат и ми е тешка тема“, додаде таа.
Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година во Сплит.