Забава
Мистериозна појава на крокодил на грчки Крит
Необјаснета појава на крокодил на вештачката брана на Крит и алармираше локалните власти кои се обидуваат да го уловат, соопшти во неделата локалната полиција.
„Крокодилите тука не се ендемски вид, па веројатно сопственикот сакал да се ослободи од него“, изјавил полициски функционер.Два метра долгиот крокодил го забележала во саботата противпожарна патрола на браната оддалечена 15 километри од градот Ретимнон. Херпетолозите од музејот на природните науки во Хераклион, главниот град на Крит, во понеделникот ќе пристигнат во Ретимнон и ќе се обидат да го уловат крокодилот, Херпетологијата е гранка од зоологијата којашто се занимава со влекачите.Околу браната ќе изградат ограда за да ги заштитат жителите на околните места, додал истиот извор. Во околните области сепак нема паника, но властите се загрижени информациите за тоа дека постои и друг крокодил во истата област, пренесува Атинската новинска агенција (ANA)./крај/мф/сн
Извор: ANA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Сите се прашуваа која е таа: највпечатливиот фустан на Мет гала го носеше жена непозната за многумина
Црвениот тепих на Мет гала беше исполнет со познати личности од насловните страници на списанијата, но вниманието на шоуто го привлече една мистериозна дама, која беше прогласена и за најдобро облечена на синоќешната манифестација.
Mona Patel incorporates moving butterflies for her #MetGala outfit. pic.twitter.com/thBoy7uheh
— Pop Base (@PopBase) May 6, 2024
Набргу по појавувањето на скалите на музејот во Њујорк, индиската претприемачка Мона Пател предизвика лудило на социјалните мрежи, каде што корисниците се восхитуваа на нејзиниот фустан создаден од Ајрис ван Херпен и се прашуваа која е таа навистина.
Убавицата се пресели во САД во 2003 година и оттогаш основа неколку компании, како што се HauteX Ventures и radXai, стартап за здравствена технологија.
dear mona, u AAAATE #MetGala https://t.co/uAeJTXored pic.twitter.com/6lnBn7FmKN
— ✭ (@badestoutfit) May 6, 2024
За многумина, непознатиот претприемач воодушеви во фустан со фигури, а на страните имаше сошиени пеперутки, корсет, како и проѕирни детали од тантела.
Златните украси во вид на пеперутки на рацете особено ги импресионираа корисниците на социјалните мрежи, со оглед на тоа што крилата механички се движеа сами по себе.
BEST DRESSED HANDS DOWN #MetGala #MonaPatel
pic.twitter.com/rg4ip1cobp— sabrina ❣︎ (@ayed_sabrina) May 6, 2024
Изгледот го комплетира со златни сандали, а беше стилизирана од Ло Роуч – познат и по соработката со актерката Зендаја.
Недолго откога Пател зачекори на тепихот на Мет гала, таа го освои интернет-просторот, а снимките од нејзините подготовки беа споделени на мрежите со пораки дека таа е најсоодветно облечена за темата и кодексот на облекување на оваа Мет гала.
Забава
(Видео) По 34 години, Тајчи го облече фустанот што го носеше на Евровизија и воодушеви со својот изглед
Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, го облече фустанот што го носеше во 1990 година на Изборот за песна на Евровизија во Загреб.
Натпреварот се одржа во концертната сала „Ватрослав Лисински“. Тајчи го освои седмото место со песната „Хајде да лудујемо“. Покрај заразната мелодија, публиката беше импресионирана од нејзината розова креација и од фризурата, благодарение на кои личеше на Мерлин Монро.
„Истиот фустан 34 години подоцна. Издржа одлично“, рече таа во описот на фотографијата.
Тајчи деновиве е во Малме, каде што се одржува годинашното издание на Евровизија.
„Настапив во Шведска во клуб за обожаватели и всушност е одлично што песната ‘Хајде да лудујемо’ оживеа, живееше и ќе живее“, изјави таа.
Забава
(Видео) Модно издание што го одзема здивот: Џенифер Лопез на Мет гала во фустан со 2,5 милиона перли
Џенифер Лопез се појави на Мет гала, најважниот моден настан на годината, во сребрен фустан што го одзема здивот, а интересно е што ова рачно изработено парче имаше 2,5 милиона рачно шиени перли.
#MetGala co-chair Jennifer Lopez sparkles on the steps pic.twitter.com/R3PtKAx13I
— The Hollywood Reporter (@THR) May 6, 2024
Пејачката и актерка ги воодушеви модните критичари во проѕирен фустан на Schiaparelli по нарачка. За рачното везење на ова парче облека биле потребни повеќе од 800 часа, а содржи повеќе од 2,5 милиона сребрени перли.
Креацијата ја спои со чевли на платформа и клач-чанта во соодветни тонови.
Ѓерданот на Лопез, со речиси 100 карати дијаманти, го обезбеди Tiffany&Co., како и обетки, белезица и два прстена.