Македонија
Почнува академската година на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“
Академската година на питомците и студентите на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната Гоце Делчев – Скопје, започнува во четврток со предавање од страна на претседателот на Република Македонија и врховен командант на армијата Ѓорге Иванов.
Претседателот Иванов ќе одржи предавање на тема „Геополитичка и геостратегиска положба на Република Македонија и бегалската криза“.Покрај студентите, предавањето ќе го следат и генералите на Армијата на Република Македонија и персонал од Министерството за одбрана на Република Македонија и Генералштабот на АРМ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Етнонационализмот е поттикнат од опозиционите партии, велат од Демократскиот сојуз
Демократски сојуз најостро го осудува палењето и кинењето знамиња на Македонија, на прославата на Денот на Албанското знаме и бара продлабочена истрага и одговорност од директните учесници и од поттикнувачите на овие антидржавни и антимакедонски активности, велат од оваа партија.
„ДУИ подолго време преку дезинформации за наводна незастапеност на Албанците во власта, укинување на балансерот за кој тие се залагаа, за наводна загрозеност на употребата на албанскиот јазик, етничко чистење на институциите итн, поттикнува етнонационализам насочен кон дестабилизација и блокирање на институциите да работат на откривање и документирање на криминалот во кој се вклучени и нивни кадри.
Демократски сојуз бара многу поорганизиран и неселективен пристап во борбата против тешките облици на криминал кои ги блокираат реформите, владеење на правото и развојот на државата.
Овие настани ја детерминираат и потребата од брзи реформи на судскиот систем и кадровското екипирање на виталните државни институции“, се додава во соопштението.
Овие националистички испади со палења на знамиња и пукање по плоштадите и улиците, според Демократскиот сојуз, ги загрозува и евроинтеграциите на Македонија.
Македонија
Забрана за сообраќај на товарни возила на патот Маврово – Дебар поради обилни врнежи од снег
Поради обилни врнежи од снег, од 12.10 часот има забрана за сообраќај на товарни мкоторни возила на патот Маврово – Дебар, соопшти АМСМ.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и во Маврово, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 до 60 метри на планинскиот превој Плетвар, од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Пресека.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Магла на неколку патни правци, снег на Попова Шапка и Маврово
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и во Маврово, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 до 60 метри на планинскиот превој Плетвар, од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Пресека.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2024 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2025 година.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.