Забава
Новиот Капетан Америка ќе биде Афро-Aмериканец
Издавачката куќа Marvel не престанува да ги шокира љубителите на стрипот. Најнова вест е дека новиот Капетан Америка (Captain America) ќе биде Афро-Aмериканец, односно дека стариот Стив Роџерс својот штит и костим ќе му ги предаде на пријателот Сем Вилсон, алиас Фалкон.
Новоста со фановите ја сподели еден од главните луѓе во Marvel, Џо Кесада и тоа само 24 часа по објавувањето дека богот на грмотевиците Тор (Thor) станува женско, и 48 часа откако беше соопштено дека омилениот американски тинејџер Арчи (Archie), помалку познат на овие простори, ќе биде убиен во стрипот.
На прашањето како го коментира фактот тоа што Вилсон е црнец, Кесада рекол дека „тој не забележува бои“.
Вилсон е втор поранешен помошник на Капетанот кој ќе го преземе штитот во последната деценија, а вкупно седми лик што ќе го користи името и костимот на Капетан Америка во универзумот на Marvel. Фалкон инаку на крајот на 60-тите години од минатиот век стана првиот афроамерикански суперхерој во мејнстрим сриповите.
Вреди да се истакне дека Фалкон не е прв Афро-американец во костимот на Капетан Америка, затоа што во краткиот серијал Truth: Red, White & Black (2003, седум броеви) ѕвездата на гради ја носеше Исаја Бредли.
„Примопредавањето’ на улогата би требало да се случи во првиот број на новиот серијал по име All-New Captain America што ќе го потпишат познатиот сценарист Рик Ремендер и цртачот Стјуарт Имонем.
Останува да видиме дали и како големите промени во супер групата Одмаздници (Avengers) од стрипот ќе се пресликаат на големото платно, со претпоставка дека до 2018 година ќе има уште филмови во кои се појавуваат Капетан Америка, Тор, Ајрон Мен и другите херои на Marvel.
Капетан Америка се појави за првпат во стрип во 1941 година./крај/мф/сд
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Заборавете на долгите прошетки: Оваа едноставна вежба е многу поважна за вашето здравје
Заборавете на долгите прошетки и фитнес рутините – според овој доктор, вашето срце и шеќер во крвта ги ценат чучњевите повеќе од еден час одење.
Долго време се веруваше дека клучот за здравјето е скриен во вечерната прошетка, таа мирна рутина што го завршува денот и ја смирува совеста. Но, д-р Судир Кумар, индиски невролог, тврди дека на нашите тела им треба нешто сосема друго. Не километри, туку минути; не маратонска дисциплина, туку постојани мали нешта.
Според него, продолженото седење останува еден од најголемите непријатели на современиот човек, а повремената прошетка, без разлика колку е пријатна, не може да ги избрише ефектите од часовите неактивност.
Наместо една долга прошетка, д-р Кумар предлага кратки, чести движења – на пример, десет чучњеви на секои 45 минути. Навидум едноставен совет, но доволно моќен за да ја активира циркулацијата, да го зголеми срцевиот ритам и да му помогне на вашето тело да ги стабилизира нивоата на гликоза во крвта.
Пораката е јасна: здравјето не се одржува само во теретана, туку и во моментите помеѓу нив – додека чекаме водата да зоврие, додека пишуваме на тастатурата, додека стоиме покрај прозорецот барајќи мисла. Движењето не мора да биде долга прошетка во паркот; доволни се неколку минути внимателност на нашето сопствено тело.
Во свет кој нè учи дека сè мора да биде големо, д-р Судир Кумар нè потсетува на едноставна вистина: понекогаш малите, незабележливи навики се тие што тивко го спасуваат нашето здравје.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Особено за жени со тенка коса: со помош на оваа фризура, ќе бидете кралица на трендовите
Есента носи со себе разни трендови, а меѓу нив, се издвојува една фризура што дефинитивно ќе ве привлече внимание на улица, а е лесна за стилизирање.
Сакате да го освежите вашиот изглед за претстојната зима? Краткиот боб што достигнува до висина на брадата е совршен избор. „Jawline bob“ е модерен, практичен, остар и е едноставно совршен за постудените месеци.
Спротивно на популарното верување, кратката фризура е совршена за претстојната сезона, бидејќи во летната жештина е многу поудобно – и попрактично за нас – да ја држиме косата крената, отколку да ја оставиме да ни паѓа околу вратот.
Со ролките и шаловите што наскоро ќе почнеме да ги носиме, бобот се издвојува целосно, а Jawline Bob уште повеќе, бидејќи запира веднаш над вратот.
Тоа е идеален избор за сите жени со тенка и права или брановидна коса, но со вистински професионалец, сите жени можат да си ја дозволат оваа трендовска фризура. Покрај тоа, изгледа совршено со пократки или подолги шишки!
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Емили Кларк воодушеви во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по една година
По повеќе од година и пол надвор од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала Лондон 2025“, одржан во саботата навечер во хотелот „Кимптон Фицрој“ во Лондон.
Почесна улога на добротворната вечера
Познатата 39-годишна актерка беше почесен претседател на настанот. Таа се појави на црвениот тепих во елегантен, драматичен црн фустан од од модната куќа „Александар Меквин“. Долгата, лелеава силуета со набори и проѕирни детали од чипка на горниот дел го постигна совршениот баланс помеѓу сензуалноста и софистицираноста.

Тенките прерамки и длабокиот V-изрез ја нагласуваа женственоста, додека асиметричниот раб и луксузно набраната ткаенина создадоа впечаток на леснотија и движење. Целиот изглед беше комплетиран со едноставна фризура и дискретен накит.
Иако не беше на црвениот тепих, Емилија беше многу зафатена. Обожавателите можат да очекуваат наскоро да ја видат во неколку нови проекти, вклучувајќи криминалистичка драма за „Прајм Видео“, шпионски трилер за „Пикок“ и анимиран филмски мјузикл.
фото: принтскрин

