Македонија
Вонредна владина седница за помош за Тетово по стихијното невреме
Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев информираше дека во вторникот е закажа владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи, на која ќе се разгледаат состојбите и ќе утврдуваат понатамошните активности и пред се помошта за населението и субјектите, откако во понеделникот доцна ноќта премиерот Никола Груевски придружуван од вицепремиерот Владимир Пешевски, министрите за одбрана и за внатрешни работи Зоран Јолевски односно Митко Чавков, како и државниот секретар за транспорт и врски Божидар Петроски ги посетија настраданите населби
Според последните сé уште непотврдени информации, најмалку пет лица ги загубија животот, од кои две се деца, а уште единаесет се повредени во силното невреме проследено со пороен дожд и силен ветер што во доцните попладневни часови го зафати Полошкиот регион, а особено настрада Општина Тетово и околните населби.
„Правиме сé што е во наша моќ да им помогнеме на луѓето во погодените места, мобилизирани се сите можни институции“, изјави нота кон вторникот премиерот Никола Груевски од Tетово, каде што пристигна по информациите за тешката ситуација предизвикана од стихијното невреме.
Премиерот истакна дека веднаш откако ја примил информацијата за несреќите во Тетово и регионот, прво телефонски со раководителите на надлежните институции била организирана помош за настраданите жители.
„Веднаш потоа тргнав за Тетово заедно со потпретседателот Пешевски, со министерот за одбрана Јолевски, министерот за внатрешни работи Чавков и бевме во Голема Речица. Таму состојбата е лоша. Се видов со голем дел од месното население, ми раскажаа како точно се случило, дека всушност станува збор за излевање на реката поради надојдени води и дека има жртви. Во оваа прилика дозволете да изразам сочувство за семејства на жртвите. Слушнав дека најлоша е состојбата во Шипковица. По Голема Речица и средбата со граѓаните, дојдов овде во болницата каде поразговарав со директорот, ми кажа дека тука биле донесени две лица кои починале и уште девет повредени од кои едно е задржано овде во тетовската болница, другото е пратено за Скопје заради потешко повреди“, рече Груевски во телевизиската изјава ноќта кон вторникот.
Посочи дека екипи од тетовската болница со соработниците ќе замине за Шипковица, откако добиле информации дека првите екипи за санирање на ситуацијата успеале да се пробија во селото
„Навистина жалам за сево ова што се случи, правиме сé што можеме, имаме направено максимална мобилизација на сите можни институции, како на цетрална власт, така и општинската власт е максимално мобилизирана, распространети сме на сите страни, прави се што е во наша моќ да помогнеме на луѓето во погодените места, рече Груевски./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Криминалната Влада на Мицкоски молчи за тендерите од 9 милиони евра
Помина цел ден, а Владата на Мицкоски како да зенемела за скандалот што го објавивме, нема одговор на ниту едно прашање што го поставивме. Криминалната Владата молчи за тендерите од 9 милиони евра за фирма со двајца вработени формирана минатата година, обвини СДСМ.
„Па зарем немаат што да им кажат на граѓаните? Или им ги фативме криминалните шеми на кој начин преку „најповолни“ понуди се местат тендери, па се бранат со молчење? Станува збор за парите на граѓаните, речиси 9 милиони евра. Нека не се надева власта дека молкот може да ги спаси, одговорност за криминалот ќе има. Тоа што ДПМНЕ одговара во име на институциите е дополнителна потврда дека криминалните шеми се направени во Белата палата. Затоа ги знаат сите детали за тендерите. Ова што се случува во Македонија е организиран грабеж за испумпување на парите на граѓаните преку наместени тендери во едни исти фирми. Тоа е истата криминална шема на Никола Груевски кој испупмпа 2 милијарди евра а денеска е бегалец од правдата. Ученикот Мицкоски само го прави она што научил од неговиот ментор и учител“, велат од партијата.
СДСМ најави дека ќе продолжи со факти, со докази, со аргументи и документи да го разобличува криминалот на владата на Мицкоски.
„Јавното обвинителство, ДКСК, сите институции треба да се вклучат, да направат независна истрага и да делуваат. Работата сè уште не е завршена“, велат од СДСМ.
Македонија
Без струја делови од Петровец и Кисела Вода
Без струја денеска ќе останат делови од Петровец и Кисела Вода.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 01.12.2025 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Димитар Мирасчиев. ( општина Кисела Вода ), во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од главната улица во село Дивље. ( општина Петровец ) и во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев – крак 15 – Припор. ( општина Кисела Вода )“, информира РЦУК.
Македонија
Приведени седум лица по натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи
Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи.
Според информациите на МВР, синоќа по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ „Петар Милошевски”, се приведени седум лица.
Тие се приведени поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба на полициски службеници на две одделни локации на подрачје на град Скопје.

