Економија
Сараќини: Расте бројот на туристите, мерките на владата даваат резултати
Во последните податоци на Државниот завод за статистика се забележува зголемен број на туристи односно зголемување од 10,3 проценти кај домашните туристи и 4,1 процент кај странските, соопштуваат од министерството за економија.
Зголемувањето е резултат на субвенционирањето на нискобуџетните авио-компани и овозможување на ефтини летови на повеќе европски дестинации, потоа поддршката за турооператорите кои носат странски туристи, но воедно и на зголемената домашна туристичка понуда од аспект на се она што може да се посети во Македонија.
„Зголемениот број на туристи во континуитет е јасна потврда дека превземените мерки од Владата, даваат резултати. Очекуваме ваквиот тренд и понатаму да продолжи, посебно затоа што воведовме значајни мерки за поддршка на туризмот. Воведуваме субвенционирање на авионски летови за Македонија што се одвива секоја година. Проширен е и опфатот на земји за кои Македонија дава субвенции за тур-операторите. Покрај досегашните земји од Бенелукс, од 2013 година вклучени се и Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија. За 2014 година мерката ќе се прошири и на Кина и Индија, а за 2015 година ќе се исплаќаат субвенции и за туристи од Казахстан, Азербејџан, Катар, Сојузна Република Германија, Соединетите Американски Држави и Англија”, рече министерот за економија, Валон Сараќини.
Во месец март, во министерството за економија со првата работилница за „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во туристичката индустрија во Македонија”, стартуваше проектот за обуки и тренинзи и изнаоѓање на поврзаноста помеѓу туризмот и останатите индустриски гранки, во организација на Секторот за туризам и угостителство и Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО), соопштуваат од министерството за економија.
Станува збор за проект кој е прв и единствен од ваков вид во државата, кој е обезбеден преку Словенечкиот билатерален проект за техничка помош од каде се одобрени 220 илјади евра за период од 2 години, средства кои ќе ги менаџира УНИДО организацијата.
Преку Македонската банка за поддршка на развојот овозможени се кредити во областа на туризмот, односно субвенционирање до 50 проценти на хотелски сместувачки објекти во руралните средини.
Формиран е посебен комитет за туризам кој се состанува еднаш месечно и расправа за сите можни начини кои можат да му помогнат на туризмот.
Сите наведени активности даваат резултати. Бројот на туристите во февруари годинава изнесува 27.278, а на ноќевањата 60.619, што во однос на истиот месец лани претставува зголемување за 6,6 проценти, односно 3,9 проценти.
Кај ноќевањата на домашните туристи зголемувањето е за 3,6 проценти, а на странските туристи за 4,2 проценти.
Во првите два месеци од годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 1,3 проценти, кај домашните туристи за 0,6 проценти, а кај странските за 1,9 проценти. Кај ноќевањата во јануари и февруари има зголемување за 0,3 проценти, кај домашните туристи намалување за 2,1 процент, а кај странските зголемување за 2,6 проценти.
Што се однесува до вработувањата во секторот туризам во второто тримесечје од 2013 година во Македонија има вкупно 678467 вработени лица од кои во објектите за сместување и сервисни дејности за храна вработени се 24857 лица или во однос на вкупно вработените процентот изнесува 3,66 проценти.
Во однос на 2012 година каде бројот на вработени лица во објектите за сместување и сервисни дејности за храна изнесувал 18359, стапката на пораст во вториот квартал од 2013 година изнесува 35,3 отсто.
Она што е особено важно да се потенцира е што минатата година за прв пат бројот на туристи ја надмина бројката од 700 илјади туристи која беше и главна цел согласно Стратегијата за развој на туризмот.
Според податоците од Народна банка на Република Македонија, Дирекција за статистика Отсек за изготвување и објавување екстерни статистики, Македонија го зголеми девизниот прилив во земјата за 13 проценти во 2013 година во однос на 2012 година./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

