Контакт

Манифестации

Доделени наградите на Фестивалот на античка драма „Стоби“

Објавено пред

Статуетка со ликот на божицата Афродита патува за Казакхстан. Актерите од Музички и театарски центар Агила Иманбаева за одиграната престава „Медеа“ се добитници на Гран при наградата на овогодинешниот Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“.

dobivaj vesti na viber

Одлуката на жири комисијата во состав кети Борисова, Сенко Венинов и драган Спасов Дац за многумина очекувана.

 

„Тука на сцената младите актери од Казакхстан одиграа прекрасна престава.Нивната „Медеа“ едноставно беше сосема поинаква од сите Медеи кои се одиграни тука“, вели Петар Гочев, кој за себе  вели дека ги има одгледано сите претстави кои во последните 15 години се одиграни во овој локалитет.

 

Наградите за најдобра машка и женска улога патуваат кај актерите од театар Комедија. Улогите во преставата „Многу врева за ништо“  Нина Деан и Жарко Димовски велат дека ќе ги паметат додека се живи бидејки токму за тие улоги добија награди.Наградата за најдобра режија оди кај режисерот на оваа претстава, Дејан Пројковски.

 

„Оваа награда многу ми значи затоа што се работи за едне лик кој според мене е тежок се работи за Шекспир“, рече Нина Деан, добитник на наградата најдобра женска улога

 

„Посебно горд на ова затоа што е големо признание за мене второ затоа што е прво и е мислам многу слатко искуство “, рече Жарко Димовски, добитник на наградата за најдобра машка улога.

 

Стоби е еден од ретките фестивали, велат театарските работници кој има константна публика која од година во година има се поголеми очекувања.

 

„Сите претстави ги изгледав, Медеа ме воодушеви, но премалку се само четири претстави“,

 

„Овој простор оживува со театарската игра, со нашето присуство тука на овие древни камења, тука е нашето историско постоење, за да го негуваме еден од клучните фактори е да има повеќе претстави, повеќе актери да играат, публиката погледнете сè се релативно млади луѓе“,

 

„Прекрасно, Стоби фасцинира, нема што тука да се прашува или кажува“, велат анкетираните гледачи.

 

Со средствата кои оваа година  ги имавме како буџет, сметаме  дека имавме прекресни пет фестивалски вечери, подготовките за наредниот фестивал веќе се започнати, велат организаторите.

 

„Веќе за следната година имаме склучено договор со две претстави едната е од Бугарија, а другата ќе биде изненадување“, рече Зоран Љутков, извршен директор на Здружение на античка драма Стоби.

 

Просторот  каде и каменот и небото заедно со актерите се дел од секоја претстава , древниот Стоби синоќа беше сцена на актерите од велешкиот театар кои на затворањето на фестивалот во чест на наградените ја одиграа „Кралот Лир“.крај/мф

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Родителите на децата загинати во пожарот во Кочани: Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца

Обвинители, дали нашиот молк, тишината и тагата по нашите деца, кои се убиени, ви даде право да ослободите лица кои...

Топ1 час

Деветнаесетгодишно момче загина откако со БМВ излета од пат

Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу четири часот кога со автомобил БМВ, што го управувало, излетало...

Топ3 часа

МВР го објави идентитетот на загинатите во тешката сообраќајка

На 18.04.2025 во 20.40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“,...

Македонија5 часа

Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица....

Македонија6 часа

Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката...

Топ7 часа

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар

Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на патниот правец Кичево-Гостивар. Од...

Македонија20 часа

Велигден е тука, но нашите деца ги нема, не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, пишува Златкова, мајка на загинато момче во дискотеката во Кочани

Велигден е тука, но нашите деца ги нема. Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја. Некои биле...

Топ1 ден

Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово

На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со...

Македонија1 ден

Синдикатот на културата разочаран од Љутков: вработените останаа без плата за најголемиот христијански празник

Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат...

Македонија1 ден

Наместо куќен притвор, мерки на претпазливост за двајца поранешни инспектори на ДПИ, иста мерка и за лице од дискотеката

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани...

Топ1 ден

Се задушил од запалена плинска боца: пронајден починат маж во Кавадарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци. Од...

Македонија1 ден

Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува од учебниците, реагираат од ДУИ

Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за...

Македонија1 ден

(Видео) Автомобил влече врзан коњ низ Скопје: полицијата го идентификуваше возачот

МВР го идентификуваше возачот на автомобилот кој влечеше врзан коњ во Скопје по вчерашното видео на кое реагираа граѓаните. Во...

Економија1 ден

Владата озаконува паушални фактури за струја, граѓаните не смеат да бидат жртви, апелираат Инженери на Македонија

Инженери на Република Македонија (ИРМ), денеска упати апел до пратениците и Министерството за енергетика за да ги отстранат како што...

Македонија1 ден

Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Министерството за економија...

Свет1 ден

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Кина ги отфрли најновите најави за зголемување на американските царини, нарекувајќи ги заканите на администрацијата на Доналд Трамп „бесмислена игра...

Свет1 ден

Иран: „Целиот наш воен потенцијал е подготвен“

Техеран е подготвен да се одбрани од какво било мешање и закани, а целиот воен потенцијал е подготвен да ја...

Свет1 ден

Америка: Имаме нов план за мир, им го презентиравме на Русија, Украина и Европа

Соединетите Американски Држави им презентираа на Украина, Русија и Европа „рамка за траен и одржлив мир“, изјави портпаролката на американскиот...

Македонија2 дена

Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен...

Македонија2 дена

Папазов од притвор оди во куќен притвор – за седуммина осомничени за пожарот во Кочани мерката е заменета

Поранешниот градоначлник на Кочани, Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во дискотеката „Пулс“, оди во куќен...