Македонија
МЗ: Водата за пиење во тетовско е исправна
Водата за пиење во подрачјата во тетовскиот регион кои беа зафатени со поплавите, во населеното место Шипковица во големиот резервоар што го снабдува долниот дел од местото, кој снабдува најголем дел од местот, водата одговара на прописите за безбедност на вода, односно е исправна за пиење, со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување континуирана дезинфекција и хлорирање.
Како што претходно информиравме, во градот Тетово, каде што е воспоставена континуирана дезинфекција на градската водоводна мрежа, и во населените места Лешок и Непроштено, водата за пиење е исправна. Во населените места Голема Речица и Порој водата одговара на прописите за безбедност на вода , односно е исправна за пиење, со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување континуирана дезинфекција и хлорирање. Во останатите рурални подрачја зафатени со поплавите, водата е неисправна и забранета за пиење.Во случај на појава на послаби симптоми на гадење, повраќање, дијареа, односно симптоми слични на грип, висока температура, главоболки, кашлица или вртоглавица, како и при каснување од некое животно, лицата треба веднаш да се обратат кај матичен лекар или во дежурна служба./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

