Култура
„Мјузик прогресив квартет“ ќе настапи во САД
Македонскиот бенд „Мјузик прогресив квартет“ по три години повторно ќе одржи самостојни концертни настапи во САД, на . ќе настапи во Њујорк и во Бостон.
„Мјузик прогресив квартет“, кој е составен од македонските уметници Владимир Лазаревски, Владимир Крстев, Марко Виденовиќ и Паскал Краповски, на 17-ти март ќе настапи во Ensemble Studio Theater во Њујорк. На 19-ти март квартетот ќе има свој настап во Бостон, по покана од меѓународниот музички фестивал „Балкан мјузик најт“, кој се одржува по 26 – ти пат.На концертите во Њујорк и во Бостон, „Мјузик прогресив квартет“ ќе изведат композиции кои ќе се најдат на нивниот следен носач на звук, но и композиции од нивниот претходен албум. Квартетот досега има настапувано во: Австрија, Бугарија, Србија, САД, Русија, Италија, како и повеќе концерти во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Мајските оперски вечери немаат никакви примеси на економски ниту политички стремеж, организаторите го најавија 52-рото издание
Мајските вечери немаат никакви економски ниту политички стремеж, еден ваков уникатен собир ќе го обележи и Скопје и Македонија, соопштија организаторите на прес-конференција.
„Оваа манифестација датира од крајот на 60-тите години. Тогаш имало криза со публика, која не била изразена само во Скопје. Во првите години мајските оперски вечери се празни, но со текот на годините заинтересираноста расте“, изјавја организаторите.
Како што велат оттаму, ова е еден од најголемите фестивали во регионот и со квалитетна програма сите овие години.
„Оваа година ќе има екслузивна програма. Очекуваме одлични резултати“, додаваат оттаму.
Реномираниот македонски режисер Иван Поповски, со успешна кариера во Русија, ја поставува операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, со чија премиера ќе се отворат 52. Мајски оперски вечери (МОВ) на 9 мај во Националната опера и балет (НОБ). Диригент ќе биде Енрико Довико (Италија), сценографијата ја работи реномираниот Миодраг Табачки од Србија, костимите Марија Пупучевска, а кореографијата Саша Евтимова.
Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај ќе биде поставена и изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата ќе ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.
„Оперска одисеја“ е резултат на институционалната соработка помеѓу Музејoт на македонската борба за самостојност и Националната опера и балет. Автор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.
Култура
Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал
Скопскиот поетски фестивал, чиешто четврто издание ќе се одржи во периодот од 29 мај до 1 јуни, и годинава го организира преднастанот „Отскочна даска“ ‒ поетско читање за млади поети и поетеси.
‒ Продолжуваме со поддршката за младите поети, за тие што можеби веќе се појавиле со по некоја песна во книжевно списание, ја објавиле својата прва стихозбирка или настапиле на некое поетско читање, но и за тие што можеби и не направиле ништо од сето тоа досега, давајќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати на настан подготвен само за нив! Како и минатите години, така и оваа, врз основа на испратените песни ние ќе ги избереме учесниците на „Отскочна даска #3“, а тие меѓу себе ќе го одберат најдобриот, односно, ќе изгласаат кој млад поет или поетеса ќе отскокне до официјалното отворање на четвртото издание на СПФ и ќе чита како претставник на најмладата генерација заедно со другите повозрасни и етаблирани поети, соопштија од фестивалот.
Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија, фотографија со висока резолуција и две свои песни во Word на мејлот [email protected] најдоцна до 13-ти мај.
Имињата на одбраните поети ќе бидат објавени на 20 мај на фејсбук и на инстаграм страниците на фестивалот, а настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ на 29 мај, со почеток од 20 часот. Одбраниот млад поет/поетеса ќе чита и на официјалното отворање на СПФ во МКЦ на 30 мај.
Фестивалот е финансиски поддржан од Министерството за култура, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и кафе-книжарница „Буква“.
Култура
Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, го честита Светскиот ден на танцот – денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.
„Министерството за култура го потврдува својот придонес кон сцената и останува партнер во афирмацијата на македонскиот танцов идентитет“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека танцот како креативна универзална уметност ја одразува и ја промовира македонската култура која има значајна историја на танци низ чие постоење се рушеле предрасуди и ограничувања.
Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека заедничките проекти го унапредуваат културниот дијалог и ја носат слободата на уметноста.