Контакт

Региони

Тетовската болница се зајакнува во неколку специјалности

Објавено пред

 Почнува зајакнувањето на капацитетот на Тетовската клиничка болница, и тоа во делот на кардиологијата, дерматовенерологијата, оториноларингологијата и гастроенерохепатологија, најави министерот за здравство, Никола Тодоров.

dobivaj vesti na viber

Ова се прави, како што рече, со цел да се намали бројот на препратени пациенти на скопските клиники, па ќе се зајакнуваат капацитетите на тетовската, битолската и штипската болница во регионални центри. Министерот очекува проектот да даде резултат за една година. „Анализата на потребите од зајакнување специјалности во болниците се прави врз основа на податоците од системот Мој термин, кои покажаа дека во изминатите шест месеци од почетокот на годинава се креирани вкупно 5.616 упати кон скопските клиники и Градската општа болница, што значи во просек над 10.000 упати годишно. Само во областите на кои се фокусираме со оваа практика креирани се вкупно 1.684 упати и затоа во рамки на тетовската болница се фокусираме на овие четири специјалности“, рече Тодоров. Смета дека ако специјалист, на пример, по оториноларингологија  и во Тетово и во Скопје може да ја даде услугата.„И едниот и другиот се специјалисти. Заедно студирале и специјлизирале во најголем дел на скопските клиники и не гледаме никаква причини зошто не можат да дадат здравствена услуга во тие градови и непотребно да се препраќаат надвор од нивното место на живеење“, додаде Тодоров. Појасни дека во Тетовската болница сега има речиси се во областа на кардиологијата и дека би требало да можат да се згрижат сите пациенти таму и да им се даде здравствената услуга, а во следниот период ќе се набави дополнителна опрема за ангиографската сала, ќе се формира и нов кабинет за хипертензија, а стручно ќе се доусовршува и кадарот. Зајакнување на дејноста дерматовенерологија ќе се прави со почеток на практика на теледермоскопија. Во овој дел ќе се прошири и областа на алергологијата, при што ќе се вршат основи алерголошки тестови.Во делот на гастроенетрохепатологијата за што биле издадени 342 упати ќе се воведува метода на дијагностичка аноскопија за што ќе се обучуваат доктори. „Оториноларингологија ќе ја зајакнеме со набавка на дополнителна опрема за усовршување на операциите на уво, нос и грло (оперативен микроскоп, оперативни сетови, сет за микроларингоскопија,  а во соработка со Клиниката за уво, нос и грло е предвидена едукација во времетраење од три до шест месеци за доусовршување на докторите за овие операции, како и за доусовршување на некои дијагностички процедури“, рече Тодоров. Со проектот Дисперзирана клиника ќе се овозможи и еден доктор специјалист од клиниките во Скопје да работи во одредени денови со пацинети во болницата во Тетово./крај/мф/бб

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

(Видео) Трамп за нападот на Индија врз Пакистан: Штета, штотуку го слушнавме тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал што Индија го нападна Пакистан. „Штета. Тукушто слушнавме за тоа, токму...

Свет5 минути

Индија го нападна Пакистан; Пакистан: Ова е срамен и кукавички напад

Индиската влада вчера вечер потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и дел од...

Македонија14 часа

Уважена жалбата на Асмир Јахоски: излегува од притвор со парична гаранција

Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважиl...

Македонија16 часа

Обвинение против вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба...

Македонија17 часа

(Видео) Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение, обвини СДСМ

Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за...

Топ17 часа

10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со...

Топ18 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на...

Македонија18 часа

Пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град: УХМР најави невреме за среда

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде...

Македонија18 часа

„Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност“, велат од партијата Левица

„Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање...

Македонија19 часа

Обвинение против 59-годишник за полов напад врз дете: го допирал малолетникот во парк во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник,...

Свет20 часа

Фридрих Мерц не ја доби поддршката за нов канцелар на Германија

Конзарвативниот германски лидер на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во Бундестагот за да...

Регион20 часа

Украл автомобил со мало девојче внатре: драма на бензинска пумпа во Србија

Полицијата во Обреновац од синоќа бара „Пунто“ кое еден маж го украл од бензинска пумпа, забрзал и избегал, објави „Телеграф.рс“....

Свет20 часа

Министерка на Трамп до Харвард: Нема потреба повеќе да барате владини пари, нема да ги добиете

Министерството за образование на САД во понеделник го извести Универзитетот Харвард дека ги замрзнува милијардите долари наменети за идни истражувачки...

Македонија21 час

Тошковски склучил скандалозен тендер од 500.000 евра со фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција, обвини Левица

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма...

Свет22 часа

(Видео) Москва нападната со дронови, затворени сите аеродроми

Русија соопшти дека Украина синоќа извршила напад со беспилотни летала насочени кон Москва. Сите четири главни аеродроми во Москва беа...

Македонија1 ден

На многумина ќе им бидеме пречка, но како премиер нема да отстапам од правото да говориме на македонски, јазикот е нашиот неспорен идентитет, вели Мицкоски

Пред осумдесет години, на оваа почва, се кодифицираше македонскиот литературен јазик. Тоа беше повеќе од административен чин. Тоа беше признавање...

Македонија2 дена

Љутков: Македонскиот јазик низ историјата помина низ многу предизвици и тешкотии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот...

Економија2 дена

Поевтинуваат дизелот и бензините

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија2 дена

Мицкоски му даде две опции за избор на Таравари, да остане во Влада или да оди со ДУИ: Во политиката образот или го имаш или го немаш

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип потврди дека попладнево ќе се сретне со лидерот на едно крило од Алијанса за...

Топ2 дена

Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал ќерка си, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што...