Култура
Џејн Фонда ќе ја толкува Ненси Реган

Оскаровката Џејн Фонда ќе ја толкува поранешната прва дама на САД, Ненси Реган, во филмот „The Butler“ чиешто снимање наскоро треба да почне, објави во средата телевизиската мрежа Fox News.
Филмот ќе биде базиран на животот на Еуген Ален, црномурестиот батлер кој во Белата куќа работел 34 години. Ален работниот стаж во Белата куќа го започнал како келнер во 1952 година, кога на сила сé уште биле на сила законите за сегрегацијата меѓу белото и црното население, а во пензија заминал како главен батлер во 1986 година, во времето на претседателскиот мандат на Роналд Реган.
Седумдесет и пет-годишната Џејн Фонда, е носителка на два Оскара за филмовите „Клут“ од 1971 и „Враќање на воинот“ од 1978 година, добитничка за истите улоги и на наградата Златен глобус којашто уште еднаш ја има освоено во 1977 година за филмот „Џулија“, а во 1984 година е добитник и на телевизиската награда Еми.
Таа е позната антивоена активистка уште од периодот на војната во Виетнам и подоцна во Ирак, а во филмот ќе ја глуми сопругата на најконзервативниот американски претседател.
Батлерот Ален ќе го игра Форест Витакер, добитник на Оскар за улогата на угандскиот диктатор Иди Амин во филмот „Последниот шкотски крал“. Според најавата во филмот улоги би требало да добијат и Опра Винфри, како сопругата на црниот батлер, Хју Џекман, Џон Кусак и Лиам Нисон, коишто би требало да ги толкуваат ликовите на поранешните американски претседатели.
Ли Даниелс, кој во 2009 година беше номиниран за Оскар за драмата „Precious“ ќе биде режисерот на овој проект./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.