Контакт

Култура

Изложба „3Д Бебиња – Слики од нашата пренатална градинка” во Кратово

Објавено пред

Денеска со почеток во 12,30 часот во Изложбениот салон на Националната установа „Музеј Кратово“ – Кратово ќе биде поставена изложбата „3Д Бебиња – Слики од нашата пренатална градинка” од авторот Георги Костадинов.

dobivaj vesti na viber

Денеска  со почеток во 12,30 часот во Изложбениот салон на Националната установа  „Музеј Кратово“ – Кратово ќе биде поставена изложбата „3Д Бебиња – Слики од нашата пренатална градинка” од авторот Георги Костадинов.Во рамките на оваа изложба користени се и текстови (во балоните) на Братислав Димитров а дизајнот на изложбата е на Миодраг Стојановски Бато. Изложбата за првпат беше отворена во Куманово во април, во Кратово ќе биде до 7-ми јуни, а потоа ќе биде презентирана и во неколку поголеми градови во земјата.Инаку станува збор за изложба на видувања од доктор на медицина, специјалист гинеколог-акушер, кому посебен научен интерес му е областа на гинеколошка онкологија. Има објавено една стручна книга како коавтор (Колпоскопски практикум) и  повеќе трудови во меѓународни и домашни списанија. Костадинов покрај активното членство во домашните професионални асоцијации, член е и на Американскиот колеџ на гинеколози и акушери и Американската асоцијација за колпоскопија и цервикална патологија.  Уште во ученичките денови Георги Костадинов пројавува интерес кон музичката уметност, а во студентските денови учествува во изведбата на неколку џез проекти. Како што самиот вели, инспириран од ведрината и позитивниот однос на пациентите во кабинетот при 3Д евалуацијата на нивните неродени бебиња, добива идеја за изложбениот перформанс „3Д Бебиња”  кој настанува како резултат на едно ипол-годишна примена на 3Д ултразвучната технологија во секојдневната практика./крај/со/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Жолдак гостин на МНТ

Објавено пред

По повод јубилејот „80 години Македонски народен театар“ наш драг гостин ќе биде големиот украински режисер, Андриј Жолдак, еден од најголемите режисери на денешницата во Европа, соопшти МНТ.

dobivaj vesti na viber

Откако се пресели во Германија во 2006 година, Жолдак соработувал со различни престижни институции, како што се Театар Оберхаузен, Берлинер Фестшпиле и Виенскиот фестивал. Во 2004 година, тој беше награден со УНЕСКО наградата за изведувачки уметности. Во 2010 година, Андриј Жолдак продолжи да дава значаен придонес во светот на театарот. Особено се истакна со режијата на „Ана Каренина“ во Градскиот театар во Турку, Финска. Оваа продукција му ја донесе наградата Талија, доделена за најдобра финска претстава во таа година. Една од најважните години за него беше 2023 година: тогаш, Жолдак ја режираше операта „Замокот на Синобрадиот“ од Бела Барток во Операта во Лион, Франција. Подоцна истата година, во јуни 2023, тој ја постави операта „Фиделио“ од Бетовен во Холандската национална опера во Амстердам.

Што се однесува до збирката на дела на Жолдак во Скопје, таа ја вклучува продукцијата на „Електра“, која премиерно беше изведена на сцената на Македонскиот народен театар на 5 септември 2014 година, а тоа и е неговата 41. професионална театарска режија. Претставата доживеа големи успеси во Македонија и надвор од границите, проследени со многу патувања на реномирани домашни и странски фестивали, како и голем број награди. Претставата „Електра“ беше избрана за најдобро уметничко остварување во целина на 50. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, ја понесе наградата за најдобра режија, актерката Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра женска улога, актерката Звездана Ангеловска доби награда за епизодна улога, а наградата за млад актер му припадна на Александар Ѓорѓиески. Потоа претставата на 4 септември 2015 година го затвори и Меѓународниот театарски фестивал НЕТА во Букурешт. Македонскиот народен театар со претставата „Електра“ зема учество и на 30. Театарски фестивал ФИАТ во Подгорица, Р Црна Гора, каде освои три награди, „Електра“ е прогласена за најдобра претстава, Жолдак доби награда за најдобра режија, а Дарја Ризова за главна женска улога.

Македонската публика имаше можност да ја види претставата „Електра“ на 19 септември 2015 година, во рамките на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“ и таму следеше награда за најдобра актерка, повторно за Дарја Ризова. Во рамките на јубилејниот 40. Меѓународен театарски фестивал МОТ, „Електра“ се одигра на сцената на МНТ на 28 септември 2015 година.

Во 2017 година, „Електра“ учествуваше на 57. МЕСС, еден од водечките фестивали во овој дел од Европа, на истиот претставата брилираше, а актерката Ризова ја добива наградата за најдобар млад актер „Рејџан Демирџиќ“.

Жолдак, кој режира во повеќе европски центри, еднаш изјави дека е задоволен од соработката со ансамблот на МНТ и за нашиот театар рече дека станува можеби најдобар на Балканот, а за Македонија дека веќе е негов втор дом.

Андриј Жолдак во 2016 година ја продолжува соработката со МНТ и во копродукција со „Винер Фествохен“, еден од најголемите европски театарски фестивали, ја прикажа светската премиера на претставата „Соларис“ во комплексот MuseumsQuartiers (MQ) во австриската престолнина, а пред скопската публика се одигра есента.

Жолдак не признава бариери, комбинира комедија дел арте со сајберпанк и научна фантастика, се истура со енергија и имагинација. Неговиот театар е чист бес, ја слави ирационалноста и достигнува до самите ѕвезди кои ја инспирираат неговата космогониска визуелна екстраваганција. Затоа и не изненадуваат неговите најнови продукции.

Дипломирал студии по режија на московскиот Институт за филм и театар, под менторство на прочуениот руски режисер Анатолиј Васиљев. Авторската поетика на Жолдак, како и неговиот режисерски ракопис, несомнено се резултати на неговите перманентни интереси за филмот (Фелини, Бергман, Параџанов, Тарковски) и на истражувањата во областа на ликовните уметности. Повеќе години Жолдак го управувал Државниот академски драмски театар „Тарас Шевченко“ во Харков, на чија сцена режирал пет големи проекти кои, освен изведбите во Украина, биле изведени на престижни фестивали во повеќе од триесет европски земји. Во 2005 г. Жолдак ја режира Шекспировата пиеса „Ромео и Џулиета“, реализирана како копродукција помеѓу Берлинскиот фестивал (Berliner Festspiele), Европската агенција за култура (Agency Culture-Europe) и Аладемскиот драмски театар во Харков. По премиерната изведба на Берлинскиот фестивал и последователна изведба во Варшава, украинските власти го забраниле изведувањето на „Ромео и Џулиета“ во самaта Украина, принудувајќи го Жолдак да го напушти театарот во Харков. Оттогаш, тој постојано живее во Берлин, работејќи во водечките театри во Германија, Русија, Финска, Шведска и Швајцарија. Благодарение на својот долгогодишен опит на театарски практичар, како и на постојаниот ангажман во областа на театарската теорија, во текот на последниве години Жолдак е ангажиран како водител на низа теориски и оперативни театарски работилници во Велика Британија, Холандија, Шпанија, Германија, Финска, Франција, Јапонија.

Добитник е на голем број на награди.

Прикажи повеќе...

Култура

(Фото) Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба

Објавено пред

Пласидо Доминго вчера пристигна во Скопје, а неговото слетување го означи почетокот на едно од највозбудливите музички случувања во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и Балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба.

Со голем ентузијазам и воодушевување успшено заврши првата проба. Во исклучително инспиративна атмосфера маестро Доминго ја покажа својата врвна уметност, но и посветеност, а оркестарот, инспириран од неговото присуство, одговори со извонредна прецизност и емоција создавајќи атмосфера што го најавува она што ќе биде, дефинитивно, еден од најспектакуларните концерти во историјата на македонската музичка сцена.

Ова доаѓање не е обичен концерт – ова е историски момент за македонската културна сцена. Гласот што одекнувал во најпрестижните театри во светот, на 14 март ќе ја исполни сцената во арената „Борис Трајковски“, а енергијата на неговото присуство веќе се чувствува меѓу музичарите и љубителите на операта.

Македонија го дочекува Доминго со восхит, а легендата почнува да ја испишува својата најнова музичка приказна.

 

Фото – Стефан Самандов

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков го посети манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј“ во Лешок

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска беше во работна посета на Лешочкиот манастир, најголемиот духовен центар во тетовско каде се сретна со митрополито тетовско-гостивараски г. Јосиф.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата министерот Љутков заедно со в.д. директорката на Националниот конзерваторски центар Цветанка Хаџипецова ги најавија завршните активности за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на Стариот конак како и активностите за конзервација и раслојувањето на живописот на црквата „Св. Богородица“ со евидентирани фази од 14, 17 и 19 век.

„Сакам да најавам дека оваа година конечно ќе заврши конзервацијата, реставрацијата, санацијата и ревитализацијата на Стариот конак кој претставува интегрален дел од манастирскиот комплекс. За реализација на овој проект кој е од исклучително значење не само за МКТ туку и за Република Македонија обезбедивме 6 милиони денари и очекувам негово завршување до крајот на годината“, информираше Љутков.

Тој додаде дека оваа година, како капитален проект, се обезбедија и финансиски средства за реализација на конзервацијата и раслојувањето на живописот на црквата „Св. Богородица“ со евидентирани фази од 14, 17 и 19 век.

„Според информациите од конзерваторите од НКЦ откриениот, трет, најстар слој фрески во црквата „Св. Богородица“ сведочи за повеќевековниот континуитет на опстојување на ова споменично добро во манстирскиот комплекс во Лешок. До крајот на годината очекувам да бидат пошироко дефинирани површините со најстариот живопис и да се предложат натамошни мерки за конзерваторските зафати“, рече Љутков.

Благодарност до надлежните институции за преземените активности упати надлежниот митрополит на тетовско гостиварската епархија на МПЦ – ОА, г. Јосиф, кој информираше дека завршувањето на манастирскиот конак со капацитет од 50 легла, кој заедно со спомен собата на Кирил Пејчиновиќ и сите оние пропратни содржини што се внатре во самиот конак, ќе биде од особено значење за развој на манастирскиот туризам.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...

Македонија7 часа

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија8 часа

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија9 часа

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија11 часа

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија11 часа

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...

Македонија11 часа

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од...

Македонија12 часа

Тошковски: Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, концертот бил одржан на диво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на...

Македонија13 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата...

Македонија13 часа

Поради можни вдишувачки изгореници, на лекар да се јават и оние кои се чувствуваат добро, а биле во дискотеката, апелираа Таравари и Клековски

Сите пациенти се во релативно стабилна состојба, испратените на лекување во странство се сместени во болниците и состојбата е под...

Регион14 часа

„Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва...

Македонија15 часа

ЈОРМ: Пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, наредено е графолошко вештачење на потписи на одредена документација

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во...

Македонија16 часа

(Фото) Знамињата пред Собрание на половина копје, денови на жалост во Македонија

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава. „На вонредната владина седница по...

Македонија17 часа

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров,...

Регион17 часа

(Видео) Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“. Од...

Регион18 часа

(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес. Тие беа пренесени...

Регион18 часа

(Видео) Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA...

Македонија1 ден

Пациентите кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството...

Македонија1 ден

Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе...

Македонија1 ден

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој...