Региони
Пролетно чистење на дивите депонии во Битола
Општина Битола во петокот започна акцијата за чистење на дивите депонии на повеќе локации низ градот заедно со јавните комунални претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“ и „Водовод“.
Општина Битола во петокот започна акцијата за чистење на дивите депонии на повеќе локации низ градот заедно со јавните комунални претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“ и „Водовод“.
Јавните комунални претпријатија презедоа активности на неколку локации меѓу кои и дивата депонија кај месноста викана Тепсија и депониите на патот М5.
Акцијата за чистење на дивите депонии општината Битола ја реализира два пати годишно, и тоа во пролетниот и есенскиот дел од годината. Бројката од 128 диви депонии кои што ги имавме во нашата општина, денес е сведена на 19. Меѓутоа, и понатаму ќе се преземаат активности за чистење на диви депонии онаму каде што ќе се јави потреба во текот на целата година.
„Сакам да укажам на една постојана опасност која се појавува во оваа сфера која што опфаќа веќе и неколку сегменти. Се работи за делот над тунелот кај ромската населба, таму постојано се исфрлува отпад. Ние со јавните комунални претпријатија посебно со Комуналец, последните неколку месеци во неколку наврати поставивме таму контејнери, но повторно сметот се фрла на патот. И покрај тоа што се загадува средината во која што живеат, веќе станува опасност и за движењето на возилата. Со ова укажувам на потребата од директна соработка, и апелирам граѓаните да соработуваат со нас “ изјави градоначалникот Владимир Талески. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.