Македонија
Почнува судењето за убиството на медицинската сестра на Детска клиника
Во среда во 10 часот најавен е старт на судењето за убиството на медицинската сестра на Детската клиника во Скопје што се случи на 9-ти јануари.
Обвинет за убиството е дваесет идвегодишно момче од скопски Петровец кое ќе одговара за убиство на бремено лице.Убиството се случи на 9-ти јануари вечерта околу 19,00 час, во кругот на комплекс Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на седмиот кат.Медицинската сестра која била десет години постара од момчето била во брак, но неофицијално со момчето биле во љубовна врска, a обвинетиот знаел дека медицинската сестра е бремена.Според официјалните информации, обвинетиот и медицинската сестра почнале да се расправаат, по што обвинетиот ја турнал медицинската сестра на подот.„Жртвата при падот удирајќи со главата на подот, се здобила со повреда која не била животно загрозувачка. Користејќи ја состојбата во која оштетената, поради повредата, не можела да дава отпор, обвинетиот со едната рака ја фатил за вратот и почнал да ја стега, а со другата рака во исто време и ги затнал носот и устата, давејќи ја сé додека не престанала да покажува знаци на живот. Како резултат на насилното задушување кај оштетената настапила смрт“, соопшти Обвинителството коешто покрена обвинение за овој случај на 8-ми април.По убиството обвинетиот сакал да се самоубие, но по преговори со полицијата се предаде./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Адем Чучуљ ја презеде претседателската функција на Антикорупциска
Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој најави дека заедно со неговиот тим ќе бара интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.

„За мене претставува, пред сѐ, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции“, изјави Чучуљ.
Македонија
Обвинетите за „Пулс“ утрово во Идризoво ги пречекаа фотографии од сите загинати
Металните барикади пред влезот во судницата во Идризово, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите, утрово се прекриени со транспарент на кој ги има фотографиите од сите жртви во трагедијата во Пулс.
Покрај него мораа да минат сите обвинети.
Со истиот транспарент родителите и роднините на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ во саботата маршираа низ Кочани.
Македонија
Друг затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптоп најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“
Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не биле негови, кажа на деншеното судење неговиот бранител Насер Рауфи.
Сопственикот на телефоните и на компјутерот самиот се пријавил и признал дека се негови.
„По вашата забелешка на минатото судење дека Камбери внел телефони, во меѓувреме детектиран е сопственикот на телефоните и лаптопот од страна на затворот, и не е Камбери. Го молам судот да се обрати до затворот за таа информација“, рече адвокатот Рауфи.
Судијката Диана Груевска-Илиевска неговата забелешка ја внесе во записникот.
Пред почетокот на минатото судење таа го предупреди обвинетиот Камбери дека му следи самица и други казни оти во неговата ќелија биле најдени 13 мобилни телефони и еден лаптоп.

