Региони
Партибрејкерс ќе настапат во рамки на фестивалот “Битола Отворен град 2015”
Оваа година главни звезди на големата сцена на Широк Сокак во рамките на фестивалот “Битола Отворен град 2015” е познатиот белградски рок бенд Партибрејкерс.
Со гостувањето во рамките на овој меѓународен фестивал во организација на Младинскиот културен центар – Битола, Партибрејкерс, премиерно ќе настапат во Битола во сабота на 27 јуни 2015 година на Широк сокак..
“Ова е бенд коj силно влијаел врз имиџот на новите музички генерации и ги поседува сите потребни карактеристики за да настапува во рамките на “Битола отворен град”. Досега Партибрејкерс имаат издадено 12 музички албуми од кои произлегуваат многу музички хитови актуелни за сите генерации. Бендот, кој е формиран во 1982 година, во 1990 ја реализираше големата југословенска турнеја и истата година беше предгрупа на големиот англиски рок бенд “Motorhead” на сите концерти во Југославија. Во 2012 настапија на главната сцена на фестивалот “Exit” пред бендовите “Wolfmother” и “Guns n’ Roses”. Нивниот заеднички настап со Чак Бери во Загреб е секако еден од најважните моменти во кариерата на бендот. Преку фестивалот “Битола отворен град” публиката која традиционално во голем број доаѓа на главниот музички хепенинг овој пат ќе има можност да го проследи настапот на овој реномиран бенд”, истакна Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола на денешната прес конференција посветена на фестивалот.
Партибрејкерс, покрај бројните настапи низ Европа, своите албуми ги промовирале на концерти во Америка и Канада. Настапувале на целиот Балкан, при што биле звезди на повеќе големи регионални фестивали како EXIT, Белградскиот пиво фест, In Music во Загреб и многу други. Последен пат во Македонија настапија во 2011 година.
Ритамот и блузот засилен со панк енергија им донесе голема почит кај публиката, а генерациите ги препознаваат по песните “Крени према мени”, “Губитник”, “Стој Џони”, “Земјотрес”, „Хочу да знам“, „Хипнотисана гомила“ и многу други. Концертната промоција на нивниот албум со наслов “Лакомост и алчност” заради големиот интерес траела повеќе од две години.
Бендот во овој период го завршува материјалот за својот нов студиски албум, а истовремено се снима и филм за подоготовката на албумот кој треба да се појави на почетокот на следната година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.