Македонија
СЈО бара налог за претрес, наредба за апсење и предлог за притвор на лице од УБК
Специјалното јавно обвинителство издало налог за претрес, наредба за лишување од слобода, а поднесен е и предлог за притвор за лице вработено во Управата за безбедност и контраразузнавање, потврдија од СЈО.
За денеска, среда, најавија подетални информации, а неофицијално, според медиумите, лицето од УБК по кое се трага е началникот на петтата управа Горан Грујоски, кој во моментов не е достапен за СЈО, а полицијата го бара за да овозможи негово сослушување.СЈО доставило барање до судијата на претходна постапка да даде налог за претрес во домот на бараното лице со цел да се обезбедат докази, но судијата одбил, по што СЈО издало налог тој да биде обезбеден за распит. Горан Грујоски е началник на петтата управа при МВР и близок соработник на поранешниот директор на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков. Пред осум месеци Јавното обвинителство заедно со Мијалков соопшти дека Груевски бил испитан во врска со аферата со прислушувањето. Потоа сите предмети преминаа во надлежност на СЈО.Во февруари 2015, кога СДСМ почна да ти објавува ткн. „бомби“, лидерот на СДСМ Зоран Заев, рече дека поднеле кривична пријава против Горан Грујоски, Сашо Мијалков и против непознат сторител, за незаконско масовно прислушување од луѓе вработени во безбедносните служби на МВР, кога во период од неколку години биле прислушувани илјадници граѓани./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

