Забава
Домашните миленичиња живеат се подолго

Единаесет години за мачка, дванаесет години за куче, просечниот животен век на домашните миленичиња во последните триесет години речиси е двојно подолг, па и тие како и луѓето живеат се подолго, благодарение на подобрата храна и напредокот на ветеринарната медицина.
Единаесет години за мачка, дванаесет години за куче, просечниот животен век на домашните миленичиња во последните триесет години речиси е двојно подолг, па и тие како и луѓето живеат се подолго, благодарение на подобрата храна и напредокот на ветеринарната медицина.
Според истражувањата на германското здружение за производство на храна за домашни миленичиња, просечниот животен век на кучињата продолжен е за 2,4 години, а на мачките за речиси 5 години во последниве 30 години.
Просечниот животен век на мачките кој во 1982 година изнесуваше 6,2 години порасна на 11,1 година во 2005 година, со средна вредност од 9,2 години во 1996 година. Животниот век на кучињата во 1982 година изнесувал 9,5 години, а во 1996 година 11,6 години, додека во 2005 година пораснал до 11,9 години“ – наведуваат од здружението на производители на храна.
Слично е и со дивите животни во зоолошките градини кои имаат умерена и квалитетна прехрана и ветеринарната нега и се заштитени од грабливците.крај/хина/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Викендов протест-фестивал во Смрдлива Вода против изградбата на хидроцентрали на Дошница

По повеќе од 40 дена блокада од локалните граѓани и еко-активисти од цела Македонија, Граѓанската иницијатива „Спас за Дошница“ објавува „Протестфест: Дошница“ – настан што ги обединува сите оние кои не сакаат да ги изгубиме водата, шумите и планините во Македонија како жртви на профитот и алчноста, најавија од иницијативата.
На 9 и 10 август (сабота и недела), кај планинарскиот дом во Смрдлива Вода над Гевгелија (Google Maps), ќе се одржи дводневен протест-фестивал со жива музика, работилници, дискусии, детска програма, отворен базар и планинарски акции, во знак на протест против изградбата на две мали хидроцентрали на Дошница, една од најчистите реки во Македонија.
„Ова не е само протест, ова е одбрана на чистата, питка вода од која ни зависи иднината на нас и нашите деца, идните генерации што ќе живеат на ова парче земја. Питката вода е ограничена, не е бесконечна, и без неа нема живот! А институциите се расфрлаат со нашите последни, недопрени, чисти извори на питка вода како да нема утре. Затоа дојди и придружи ни се! Ќе се дружиме, ќе слушаме музика, ќе читаме поезија и ќе им нагласиме на институциите најгласно што можеме: Реките нема да се ставаат во цевка!
Македонија не е хидроцентрали, не е бетон и згради, не е приватна фирма која секој може да ја уништува. Македонија е мајката природа, реките, езерата, планините, изворите. Македонија се свесните луѓе кои знаат што значи да се зачува и одржи недопрената природа, за и таа да може да нѐ чува нас!
Гласно го креваме својот глас против изградбата на две мали хидроцентрали на реката Дошница и загрозувањето на водата за пиење на Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Росоман, уништувањето на македонската автохтона пчела, животинскиот и растителен речен свет и исконската шума на Кожуф“, се вели во најавата на настанот.
Во сабота ќе настапат The Mole Pack, Мојра, Медарски, Kungfoolish, ќе има креативни работилници за деца и возрасни и дискусии за енергетската политика, природата и активизмот.
Во недела, посетителите ќе можат да се приклучат на мирната блокада на трасата на хидроцентралите, а потоа да уживаат во поезија, филмска проекција и jam session во домот.
Организаторите напоменуваат дека во рамките на паркот и кампот не се продаваат пијалаци и храна и дека настанот е организиран доброволно од волонтери, граѓани и учесници.
Планинарскиот дом има капацитет за сместување на 22 луѓе, како и сместување на 30 шатори во рамките на кампот и уште 40 шатори во паркот.
Забава
ЕУ воведува забрана за гел-лаковите за нокти поради опасна состојка за која се верува дека е канцерогена

На социјалните мрежи почна сериозна паника кога се појави информацијата дека од 1 септември оваа година Европската Унија воведува забрана за употреба на козметички производи што ја содржат супстанцијата TPO. Токму тоа се наоѓа во голем број гел лакови за нокти, како и во лепилата за вештачки трепки. Ова значи дека гел-лаковите за нокти ќе заминат во историјата.
TPO, супстанција што најчесто се наоѓа во хибридни лакови за нокти, лепила за екстензии за трепки, како и во гелови, е прогласена за канцерогена, токсична за репродукција, поради што е особено опасна за бремените жени. Затоа е објавена забрана за нејзина употреба, продажба и примена од 1 септември.
Истражувањата покажаа дека оваа супстанција може да предизвика голем број несакани ефекти, од хормонален дебаланс и токсичност за репродуктивниот систем до потенцијално формирање рак.
На социјалната мрежа „Икс“ има многу дебати за тоа дали е во ред да имате лажни нокти. Некои жени се прашуваат и дали се единствените што никогаш не го направиле тоа. Оние што го прават тоа се многу загрижени бидејќи фактот е дека гел-лакот, со тоа што е долготраен, ги прави вашите нокти убави и уредни со недели.
TPO е фотоиницијатор што се користи во производите за нокти, како што се трајните лакови, геловите и акрилните бои, за да им се овозможи да се стврднат под УВ или ЛЕД-ламби.
Забава
На седум години смислил друштвена игра и сега е милионер – планира да купи „ламборгини“

Алекс Батлер (15) од Сиетл стана милионер откако ја продаде друштвената игра „Тако наспроти Бурито“, која ја дизајнирал како седумгодишно дете, на големата американска компанија „Плеј Монстер“.
Неговата игра, во која се натпреварувате да го создадете највредниот оброк, стана глобален хит и се продаде во над 1,5 милиони примероци, објавува „Дејли меил“.
Алекс и неговите родители, Лесли Пирсон и Марк Батлер, минатиот месец одлучија целосно да ја продадат играта на познатата компанија со седиште во Висконсин.
„Никогаш не се врзав премногу за играта“, рече Алекс. „Не ми е толку важна. Само сакав да добијам што е можно повеќе пари од неа.“
Иако не се знае точно колку добиле, семејството потврди дека моментално работат на инвестирање на заработените пари. Алекс, сепак, не крие дека би сакал дел од парите да ги искористи за да купи луксузен автомобил.
„Би сакал да купам Ламборџини“, рече тој со насмевка.
Идејата за играта, како што вели Алекс, се родила сосема случајно, во период кога не сакал такос или бурито. Сепак, тој често играл игри со карти како „Exploding Kittens“ со своето семејство, што го инспирирало да смисли нешто свое.
Неговата мајка, исто така, започнала кампања „Го фаунд“, со која собрале 25.000 долари за краток временски период. Тоа било доволно за да започнат мал семеен бизнис наречен „Хот Тако Инк“, во кој Алекс бил мнозински сопственик.
Играта се појавила на „Амазон“ и станала веднаш хит. До крајот на истата година, тие заработиле речиси 1,1 милион долари. „Тако наспроти Бурито“ во еден момент била најпродаваната игра на „Амазон“.
Сепак, како што растела побарувачката, играта го надминала капацитетот на семејниот бизнис. Потоа решиле да најдат поголема компанија која ќе може да се справи со понатамошната дистрибуција.
Иако добиле неколку понуди во текот на годините, семејството се одлучило за „Плеј манстер“.