Економија
ЕBRD: Само Хрватска и Украина остануваат во рецесија
Во регионот на транзициските економии, само Хрватска и Украина оваа година ќе останат во рецесија, пред се поради слабиот раст на кредитите и инвестициите, стои во објавените проценки на Европската банка за обнова и развој (EBRD).
EBRD ги намалила своите економски проценки за Хрватска, така што сега очекува хрватскиот бруто домашен производ (БДП), оваа година да падне за 0,5 проценти.
Уште во јануари EBRD очекуваше економски раст во Хрватската од 1 процент, а следната година земјата ќе оствари раст на БДП-то од 0,5 отсто, стои во Регионалните економски проценки на EBRD.
Хрватската економија продолжува да се соочи со долготрајните проблеми како што се конкурентноста, големиот јавен сектор и потешкотиите во бизнис опкружувањето, се вели во најновите проценки на Европската банка за обнова и развој.
Се споменува и дека во јануари Хрватска влегла во процедурата на ЕУ за прекумерен дефицит, поради долготрајниот буџетски дефицит над 3 проценти од БДП-то и растечкиот јавен долг кој сега изнесува близу 60 проценти од БДП-то.
„Во недостаток на поттик на раст, хрватскиот БДП би можел да паѓа уште една година, и тоа за 0,5 проценти, но се очекува негово опоравување во 2015 година, врз основа на подобреното надворешно опкружување и апсорпцијата на некои структурни и кохезиски фондови на ЕУ”, стои во регионалната економска проценка на EBRD./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Зголемување на цената на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,81% во однос на одлуката од 30.9.2024 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,108 ден/кг и сега ќе изнесува 42,780 ден/кг.
Економија
Претседателката на ММФ: Живееме во свет на бавен економски раст и високи долгови
Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на земјите да се приспособат на бавниот економски раст и високиот долг бидејќи ова е светот во кој моментно живееме, изјави денеска претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, на конференцијата за одржливост во Хамбург.
Според неа, тоа значи дека реформите што придонесуваат за раст, подобрување на инвестициската клима и напредок на пазарот на трудот треба безмилосно да се одложат.
„Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на своите членки да ги спроведат неопходните реформи, со што овие земји ќе имаат потенцијал да го зголемат растот на БДП во текот на четири години за осум отсто“, додаде Георгиева, пренесува „Танјуг“.
Конференцијата беше отворена со говорот на германскиот канцелар, Олаф Шолц.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.