Економија
Расположението на германските потрошувачи на највисоко ниво за шест години
Расположението на германските потрошувачи се подобри, на прагот на декември, достигнувајќи највисоко ниво за шест години, што поттикна проценки дека силната потрошувачка ќе го надокнади слабиот извоз и да и помогне на најголемата европска економија да забележи умерен раст.
Истражувањето на институтот GfK покажа дека индексот на расположението на потрошувачите за декември, кој се темели на анкета на околу 2.000 граѓани, порасна на 7,4 поени, во однос на ревидираните 7,1 поени, колку што изнесуваше до ноември.Тоа е највисока вредност на индексот од август 2007 година.„Потрошувачката клима благо е подобрена на крајот на годината, како што е вообичаено“, истакна Ролф Биркл од GfK.„Изгледите за брзо избувнување на германската економија и одлуката на Европската централна банка за намалување на каматните стапки дополнително го поттикнуваат расположението до крајот на годината“, стои во извештајот.Германците кои инаку се традиционално склони кон штедењето, во последно време почнаа да покажуваат наклонетост кон потрошувачката со оглед дека пазарот на труд е стабилен, а штедењето е помалку атрактивно поради ниските камати. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Димитриеска-Кочоска – Гир: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за спроведување на реформскиот план
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, на која соговорниците се осврнаа на реформите што ѝ претстојат на земјата во нејзиниот евроинтегративен процес.
На средбата беа разменети мислења за активностите што ги презема Министерството за финансии како институција, која е координатор во рамките на економско-финансискиот дијалог со ЕУ, како и за реформската агенда на земјата поврзана со новиот план за раст на Западен Балкан, активност што ја реализира Министерството за финансии заедно со Министерството за европски прашања.
„Министерството за финансии ги координира активностите во рамките на Економско-финансискиот дијалог веќе 10 години и во тој процес има континуитет. Тоа искуство ќе се искористи и во рамките на реформскиот процес поврзан со планот за раст на Западен Балкан“, рече министерката.
Таа изрази уверување дека реформите што се поврзани со Министерството за финансии во рамките на тој евроинтеграциски процес ќе бидат во фокусот на работата бидејќи тие значат и унапредување на процесите и приближување на земјата до ЕУ-стандардите.
Како што беше посочено, ЕУ е значаен поддржувач на земјата од нејзината независност и дека таквата поддршка ќе продолжи и во наредниот период.
Економија
Извршниот директор на „Eпсотех“: Отворање 110 работни места претежно во машинската и инженерската гранка
Јас сум извршен директор на „Eпсотех Македонија“ и морам да ви кажам дека сакаме да отвориме и да ги прошириме нашите активности со производствени капацитети тука во Скопје, односно да работиме на отворање фабрика и на нови машини. Ние веќе работиме на шест гранки во светот и се надеваме дека ќе ги прошириме нашите активности и дејности и тука, рече извршниот директор на „Eпсотех“, Аламави, за германско-белгиската инвестиција.
„Ние имаме веќе 60 години искуство во овие производствени процеси и со нас носиме многу вештини и се надеваме дека тука ќе отвориме 110 работни места, кои ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка“, рече тој и додаде:
„Во оваа пригода ние би сакале да почнеме со изградба на нова зграда, односно со инвестиција од приближно 20 милиони евра, кои би ги инвестирале тука“.
Економија
„Нептун“ слави 10 години од Happy-програмата за лојалност
Наша соговорничка е Зорка Стојанова, Loyalty Program & Customer Finance Manager (Раководител на програмата за лојалност и кредитирање) во Нептун Македонија, со 10 години работно искуство во Нептун и докажана експертиза во малопродажба. Професионалец во сферата на финансиите, со магистерски студии во областа на Монетарна економија, финансии и банкарство на Економскиот факултет во Скопје. Разговаравме за нејзината улога во голема компанија како Нептун Македонија и за креирањето на стратегија за купувачите преку лојалната програма HaPPy, која нуди безброј поволности.
Во Нептун Македонија работите речиси 10 години. За почеток, запознајте нè што подразбира вашата моментална позиција?
Моја задача и клучен фокус е внимателно градење и имплементирање на стратегии засновани на сериозна анализа на купувачите и нивното однесување, како и нивните желби, потреби и очекувања. Во таа смисла, внимателно ја креираме нашата програма за лојалност, со која сакаме да инспирираме повеќе радост и задоволство со секое купување кај нас.
Се обидувам да ги следам и реакциите на сите наши потрошувачи преку социјалните мрежи или грижата за корисници, знаејќи колку овие повратни информации се непроценливи во поглед на креирање на услови што нашите купувачи најмногу ги посакуваат. Во тој контекст, често тргнувам и од себе; што би ме привлекло, што емотивно би ме поттикнало да бидам лојален потрошувач, каква примарна и секундарна вредност може да ми понуди одредена програма… Така, благодарение на анализата на податоците за потребите и очекувањата, ја креираме нашата NEPTUN haPPy автентична приказна со купувачите.
Улогата на НЕПТУН Македонија во вашиот професионален развој?
10 лојални години во Нептун се поколопуваат со 10тиот роденден на програмата за лојалност. Време во кое успеав да се надградам со знаење, да растам со позиција и преминам во менаџер кој е дел од компанија и бренд што навистина го менува животот. Компанија која вложува многу во своите вработени но и компанија која едно купувачко искуство го носи на едно друго повисоко ниво. Кога го велам тоа, не мислам само фигуративно, туку и суштински – со квалитетот на услугата што ја нудиме, иновативноста, корисничкото искуство, достапноста на колегите во продажба, компетенциите и знаењата на нашите вработени што секојдневно помагаат и олеснуваат нечие секојдневие.
Нептун Македонија е компанија што три децении е лидер на пазарот за продажба на бела техника; апарати за домаќинство; телевизиски, аудио и видео апарати; компјутери; смартфони; фото апарати и камери; лична нега и убавина; ладење и греење. Како се обидувате да останете во чекор со сè и да нудите релевантни поволности за купувачите во секое време?
Уникатноста на лојалната програма на Нептун, иако можеби звучи како флоскула, се должи на филозофијата дека ние не ги следиме трендовите, туку ги создаваме. Важно е континуирано да ги поместуваме границите, да го негуваме квалитетот на услугата и односот кон купувачите, но и да воведуваме нови, напредни поволности, удобно и елегантно искуство при пазарување и секако врвна поддршка во целиот процес. Тоа е најдобриот начин да ги наградите лојалните потрошувачи и да им дадете можност да купуваат по посебни, повластени цени, користејќи ваучери, подароци и специјални изненадувања. Само така нашите купувачи се чувствуваат привилегирани, бидејќи програмата за лојалност е креирана токму според нивните потреби и очекувања. Тоа е еден вид ВИП статус наменет токму за нашите најголеми фанови.
Што може купувачите да очекуваат од HaPPy картичката ова лето?
Пред извесно време лансиравме нова, подобрена haPPy програма, која овозможува низа неверојатни поволности и бенефиции; купување по haPPy цени, наградни поени, достава, промоции, поддршка, подароци за купувачите во сите градови и во сите наши продавници, екстра ваучери, а купувачите ова лето ги очекуваат и специјални изненадувања за топ 10 лојални купувачи.
Сите ние знаеме дека не секогаш купуваме само затоа што нешто ни треба, туку и за да го збогатиме секојдневието, да ги израдуваме најблиските со подарок, но и да се израдуваме себеси. Ние сме пресреќни и се чувствуваме привилегирани што сме дел од тие моменти на дарување и споделување, и сакаме да ги почестиме купувачите со нешто посебно, со нешто што нема да го доживеат на друго место, а тоа е тој, наш, автентичен NEPTUN haPPy третман.
ПР текст