Македонија
ЈО: Обвинителите се самостојни, Јован Илиевски е изземен од постапувањето во „Пуч“
Јавното обвинителство ги демантира обвинувањата на опозициската СДСМ за политички влијанија врз обвинителот којшто работи на случајот „Пуч“ и тврди дека обвинителите работат самостојно и се раководат единствено според Законот.
Од обвинителството потенцираат дека обвинителот за организиран криминал, Јован Илиевски, баџанак на шефот на УБК, Сашо Мијалков, за којшто опозицијата обвини дека стои зад одлуката за покренување на обвинение за случајот „Пуч, е изземен од постапувањето по овој предмет.
„Јавниот обвинител Јован Илиевски кој му е непосредно претпоставен е и формално изземен од постапувањето по овој предмет, како и по предметите поврзани со актуелните случувања, и по истите нема преземено никакви дејствија, така што, ниту тој, ниту пак повисоките јавни обвинители не се вклучени во постапувањето по споменатите предмети. Одлуката за поднесување на обвинителниот акт во предметот познат во јавноста под името „Пуч“, како и во сите други предмети, е донесена и се темели исклучиво врз основа на доказите собрани во текот на истражната постапка, а соопштението на СДСМ Јавното обвинителство го сфаќа како притисок врз судот кој треба да ја донесе конечната одлука“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
Од обвинителството ја демантираат информацијата на СДСМ дека обвинителот им ги барал пасошите на обвинетите за да им ја замени мерката притвор, а во четвртокот спротивно на тоа им беше продолжен притворо.
„Со инпутирањето на политички влијанија во постапувањето на јавните обвинители, со толкување на работењето на јавните обвинители според субјективните потреби на лицата против кои се води постапката, како и со правење конструкција за можна завера при донесување на одлуките во јавното обвинителство, се сака да се наметне мислење во јавноста дека надлежниот јавен обвинител во предметот „Пуч“ постапува спротивно на законските одредби.Јавното обвинителство нагласува дека согласно одредбите од Законот за јавното обвинителство, обвинителите кои постапуваат по предметите се самостојни и одговорни при донесувањето на одлуките. Единствено се раководат од законските одредби, со цел сторителите на кривичните дела да бидат изведени пред лицето на правдата, а јавните обвинители кои раководат со соодветните обвинителства, како и повисоките јавни обвинители, вклучително и Јавниот обвинител на Република Македонија, немаат законски овластувања и не можат да влијаат при донесувањето на одлуките по поединечни предмети“ се додава во реакцијата на Обвинителството.
Во четвртокот вечерта беше поднесено обвинение за случајот „Пуч“, во којшто е обвинет лидерот на опозицијата, Зоран Заев и пет други лица.
Заев е обвинет за обид за насилство спрема највисоките државни органи.СДСМ реагираше дека одлуката да биде поднесено обвинение за случајот ја донел Илиевски, по наредба на Мијалков и премиерот Никола Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

