Македонија
Адеми присуствуваше на отворањето на манифестацијата „Образовно рандеву 2015“
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, во петок присуствуваше на свеченото отворање на манифестацијата „Образовно рандеву 2015“ и на креативниот центар во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес.
Адеми истакна дека со партнерите од УСАИД присуствувале на настан кој со својата содржина само покажува и докажува колку се креативни учениците.
„Една од целите на ’Образовното рандеву’ е учениците од средните училишта, да можат на пазарот на труд да го ’продадат’ своето знаење. Тука ќе можат да ги покажат своите вештини пред претставниците на високообразовните институции, како и пред идните работодавци, но ќе можат да видат и што тие им нудат за понатамошниот развој на лично и на професионално поле“, рече Адеми.
Адеми истакна дека Министерството за образование и наука работи на многу проекти кои на учениците им помагаат да стекнат вештини и компетенции благодарение на кои ќе можат побрзо да најдат работа, но и да одговорат веднаш на предизвиците на работното место.
„За таа цел го зголемивме бројот на практични часови во средните училишта, реформиравме наставни планови кои соодветствуваат со потребите на пазарот на труд. Ја отворивме електронска адреса [email protected], на која се пријавија 10тина компании кои изразија интерес да обучуваат ученици од соодветни струки, што ќе помогне во развојот на нивните практични вештини и способности“, рече Адеми.
Манифестацијата „Образовно рандеву 2015“, годинава се одржува по 10 пат. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

