Надворешна политика
ЕУ загрижена поради одлуката на претседателот Иванов
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/89171126_euflag.jpg)
Европската унија пројави сериозна загриженост за денешната одлука на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ги помилува сите лица што се вмешани во незаконското следење на комуникациите како дел од неговите напори да се надмине политичката криза која псоледните две години ја турна земјата во сериозна политичка криза
Европската дипломатска служба на Федерика Могерини, во вторникот вечерта преку портпаролката Маја Коцијанчиќ, реагираше на одлуката на Иванов, изразувајќи сериозна загриженост за одлуката, повикувајќи ги сите страни да избегнуваат потези со кои ќе ги стават во ризик досега вложените напори за смирување на тензиите во земјата, јави дописникот на МИА од Брисел. .
„БЈР Македонија се посвети на промовирање на владеењето на правото и борбата против неказнивоста. Наспроти ова, денешната одлука на претседателот Иванов за помилување на голем број на службеници покренува сериозна загриженост. Тоа се случува во време кога сите страни треба да бараат начини за зачувување на Договорот од Пржино. Ние ги повикуваме сите страни да избегнуваат интервенции што носат ризик од поткопување на со години вложените напори во земјата, а со поддршка на меѓународната заедница за зајакнување на владеењето на правото“, истакнува портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчиќ.
Таа во име на ЕУ изрази поддршка на работата на Специјалниот обвинител во Македонија.
„Важно е да се поддржи работата на Специјалниот обвинител и нејзиниот тим основана од страна на Парламентот како дел од Договорот за Пржино и да продолжат да ги истражуваат сериозните проблеми што беа изнесени минатата година. Исто така, еднакво важно е да се подготват за веродостојни избори за одржување на земјата на патот на евроатлантската интеграција. Од суштинско значење е сите партии да се вратат на дијалогот и да се најде заеднички договор кој ќе им служи на граѓаните, ја пренесе Коцијанчиќ пораката на Европската унија.
Претходно, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан на Twitter порача дека смета оти одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ги аболицира сите политичари „не е на линија со неговото поимање на владееењето на правото“.
Хан вели и дека има дилеми дали се воопшто можни веродостојни избори во Македонија по ваквиот потег на Иванов. „Во светлината на овие случувања, имам сериозен сомнеж дали се можни веродостојни избори (на 5-ти јуни) во Македонија“, вели Хан./крај/мф/сн
Извор: МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.