Надворешна политика
Хан на итна средба за Македонија со европратениците
Итна средба се одржува во среда претпладне меѓу еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со тројцата европратеници кои беа вклучени во надминувањето на кризата во Македонија.
Европратеникот Ричард Ховит на својот профил на социјалната мрежа Twitter објави фотографија на која се тој, неговите колеги европратеници Едуард Кукан и Иво Вајгл и еврокомесарот Хан под која наведе и дека ќе следува соопштение. По првичната изјава на комесарот Јоханес Хан дека постапката на Претседателот Ѓорге Иванов го нарушува владеењето на правото и дека комесарот се сомнева оти се можни веродостојни избори, во интервју со дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел, Рикард Јозвиак, тој изјави:„Во принцип, изборите ќе се одржат во секој случај, бидејќи тоа е според на Уставот на ПЈРМ. Сега кога Парламентот е распуштен, тие ќе се одржат, но неопходно и важно е овие избори да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница. Во спротивно, земјата нема да има евроатлантска перспектива и тоа беше сеопфатната цел на нашите активности и напори кои беа прифатени во договорот од јуни/јули минатата година“.Хан, пак, ја повика Владата и сите кои се одговорни да придонесат да има Избирачки список кој ќе биде прочистен и прифатен од сите, опозицијата да се врати и да биде конструктивна и сите партии да бидат фокусирани на позитивна, конструктивна кампања за да ги презентираат нивните програми во фер и демократски натпревар и да немаат ваков тип на валкани игри. На прашањето што може да направи ЕУ да го спречи она што се случува, Хан вели дека не може да го предвиди исходот од изборите и начинот на кој ќе бидат спроведени, бидејќи тоа ќе се случи за два месеца.„Но, има многу меѓународни набљудувачи, почнувајќи од ОДИХР, Европскиот парламент ќе има своја делегација на терен и многу други меѓународни организации. Тоа зависи од крајната оценка. Но, ако работите продолжат како во моментов, се сомневам дека ова ќе бидат избори по кои меѓународната заедница ќе може да каже дека тие го подготвиле патот на евроатланската перспектива на земјата. Тоа е она што се смета и тоа е единствениот притисок кој го имаме и да речеме: сите вие ризикувате оваа земја и нејзините граѓани да ја изгубат среднорочната и долгорочната перспектива“, вели Хан./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.