Надворешна политика
Јапонија во јануари следната година ќе отвори амбасада во Македонија
Во јануари 2017 година ќе се отвори Јапонија ќе отвори амбасада во Македонија со седиште во Скопје, беше соопштено во петокот по средбата на министерот за надворешни работи н Никола Попоски со амбасадорот на Јапонија за Македонија со седиште во Виена, Макото Такетоши.
Во јануари 2017 година ќе се отвори Јапонија ќе отвори амбасада во Македонија со седиште во Скопје, беше соопштено во петокот по средбата на министерот за надворешни работи н Никола Попоски со амбасадорот на Јапонија за Македонија со седиште во Виена, Макото Такетоши.
При предавањето на писмото во кое се најавува официјалното отворање на јапонската амбасада во Скопје, Попоски изрази благодарност за одлуката на Владата на Јапонија што ја одбра токму Република Македонија како локација за проширување на јапонската дипломатска мрежа.
„Оваа одлука ги потврдува одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Јапонија и е резултат на долгогодишна работа на МНР на РМ која што започна со одлуката на Владата на РМ за отворање на амбасада во Токио во 2009 година, продолжи со официјалното отворање на Амбасадата во мај 2013 година и упатувањето на првиот резидентен амбасадор на РМ во Јапонија во 2014 година.Овој чекор значително ќе ги подобри билатералните односи меѓу двете земји и ќе даде силен поттик на развивање на економската соработка во иднина“, истакна Попоски.
На средбата се разговараше и за билатералните односи, внатрешната состојба, а посебен акцент беше ставен на мигрантско-бегалската криза. Беше констатирано дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Јапонија влегуваат во нова фаза која што ќе овозможи уште позасилена соработка во сите сфери на заеднички интерес.
Попоски се заблагодари за хуманитарната помош од над 4,5 милиони евра што Јапонија досега ја има донирано за справување со мигрантската криза во Република Македонија која се спроведува преку меѓународни партнерски организации кои работат на територијата на нашата земја.
По овој повод, и во знак на благодарност за придонесот на Амбасадата на Јапонија за Република Македонија со седиште во Виена за целокупната досегашна развојна соработка и проектна поддршка доделена од страна на јапонската влада, МНР Попоски му врачи плакета – благодарница на амбасадорот Такетоши, изразувајќи подготвеност за натамошна плодна соработка помеѓу двете држави.
Воедно, Попоски се заблагодари и за помошта на Македонија од Јапонија, ЏАЈКА и јапонскиот народ која изнесува над 340 милиони долари од 1994 година до денес. Покрај средбата со Попоски, јапонскиот амбасадор Такетоши одржа и предавање пред македонските дипломати во рамките на Дипломатската академија на тема „Нова ера во македонско-јапонските односи“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.