Забава
Лора Буш: Уморна сум од животот и лагите
„Уморна сум од животот, од лагите. Сакам развод“. Вака американскиот таблоид Глоуб ја цитараше поранешната прва дама на САД Лора Буш.
„Уморна сум од животот, од лагите. Сакам развод“. Вака американскиот таблоид Глоуб ја цитараше поранешната прва дама на САД Лора Буш.
Анонимни извори за таблоидот тврдат дека токму со овие зборови Лора Буш одлучила да стави крај на 30 годишниот брак со поранешниот американски претседател Џорџ Буш.
Како основна причина се наведува врската помеѓу Буш и поранешниот државен секретар Кондолиза Рајс, која почна за време на неговиот мандат.
Гласините за несогласувањата на поранешната претседателска двојка почнаа да се шират кога Лора Буш напиша бестселер за нејзините мемоари, за кои имаше голем интерес во јавноста.
Лора доби нови симпатии и по неколкуте пластични операции на лицето, кои направија да изгледа помладо.
Операциите на лицето и други пластични операции Лора ја чини 25 илјади долари.
За евентуален развод истото списание објави уште во 2007 година, „Глумат дека бракот им е се уште жив, иако долго време е погребан“ беше насловот на сторијата.
Приказните околу љубовната врска меѓу Кондолиза и Џорџ се „загреваа“ поради на честите лапсузи на поранешниот државен секретар, која на неколку трибини наместо „претседателот Буш рече „мојот маж“.
Во случај на развод Лора ќе добие 20 милиони долари од вкупната сопственост на претседателската двојка./крај/бгн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.