Македонија
Граѓаните на протест бараат МВР да ја обезбеди изградбата на крстот во Бутел
Поголема група граѓани, во понеделник повторно се собраа на протест пред седиштето на Министерството за внатрешни работи во Скопје, барајќи техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да ја обезбедува изградбата на крстот во општина Бутел.
Тие најавуваат дека ќе протестираат сè додека не им се исполнат барањата, а претходно на протест се собраа и во саботата.Со граѓаните беа и градоначалникот на општината Бутел, Петре Латиновски, и претседателот на општинскиот Совет, Боби Бојчевски.„Го замолувам техничкиот министер Оливер Спасовски да ја заштити узурпираната територија, да пушти полициско обезбедување на местото каде ќе се гради крстот. Денеска овие луѓе тука, се граѓани на општина Бутел“, рече Боби Бојчевски, претседател на Советот на општина Бутел.Градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, пак, порача дека граѓаните заслужуваат тој да биде заедно со нив.„Сите гласини дека е одлуката за изградба на крстот поништена не се точни, зошто иницијаторот не се повлекол од иницијативата за изградба, ниту, пак, побара некакви промени. Се надевам дека многу скоро ќе продолжат градежните работи“, рече Латиновски.Протестот во понеделникот траеше дваесетина минути, по што присутните граѓани си заминаа и беше помалку масовен од оној во саботата и денеска не присуствуваше иницијаторот на изградбата, Тодор Петров.Во саботата, околу илјада граѓани се одзваа на повикот на Светскиот македонски конгрес (СМК) и излегоа на протест пред зградата на МВР за да искажат револт против министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој, според СМК, дозволил лица предводени од ДУИ да ги запоседнат темелите на крстот во Бутел.Минатата недела, граѓани и активисти на ДУИ поставија шатори кај темелите на крстот во знак на протест против изградбата на крстот./крај/мф /бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

