Контакт

Забава

Индонезија се откажа од тестирање на невиност кај средношколките

Објавено пред

Индонезиските власти се откажа од идејата за тестирање невиност кај средношколките што требаше да им биде услов за завршување на школувањето и се извинија бидејќи со ваквиот предлог предизвикаа јавни реакции.

dobivaj vesti na viber

 

 

Пратеникот Хабиб Иса Махди обзнани дека советот ја повлекува „одредбата за добро однесување“ која би вклучувала и тест за невиност во средните училишта.

 

Индонезија, држава со најголем број на муслиманско население на светот, лани призна дека жените кои сакаат да се вклучат во полиција или војска подлежуваат на тест за невиност.

 

Иницијативата за тест врз средношколките предизвика осуда ширум земјата. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Марго Роби во црно-бел фустан: предизвика мешани реакции

Објавено пред

Само неколку дена откако го воодушеви светот на модата со својот проѕирен фустан, Марго Роби повторно блесна на црвениот тепих. Актерката присуствуваше на премиерата во Њујорк на нејзиниот нов филм, „A Big Bold Beautiful Journey“, облечена во впечатлива винтиџ креација, објавува InStyle.

dobivaj vesti na viber

Роби избра црно-бел фустан од корсет од Тиери Муглер од колекцијата пролет 1998. Креацијата се издвојуваше со длабоко деколте и смели двојни прорези што достигнуваа сè до бутовите. Целиот изглед го комплетираше со сандали со високи потпетици и сребрен накит од Лореј Шварц, вклучувајќи масивни обетки и нараквица.

Роби ја носеше својата темно руса коса во елегантна пунџа, а шминката ѝ беше дискретна, со акцент на корално руменило и пригушен кармин.

Нова верзија на фустанот
Муглер неодамна го ажурираше фустанот што го носеше Роби. Разликите помеѓу винтиџ и новиот фустан се минимални – дебелината на прерамките, длабочината на процепот на градите. Инстаграм профилот Check the Tag ги спореди двете верзии со фотографии на кои овие мали разлики се јасно видливи.

Сепак, мислењата за тоа како овој фустан ѝ стои на Роби се поделени. Некои го пофалија: „Прекрасен“, „Чуден е, ми се допаѓа“, „Ми се допаѓа на неа“, „Неверојатен“, „Единствената жена на која овој фустан би можел да изгледа добро“, „Таа е тотална пропаст“.

Други мислат дека воопшто не ѝ стои: „Изгледа подобро на моделот“, „Фустанот ја носи“, „Одвратен“, „Многу лош“, „Не“.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци кои тешко можат да останат верни само на една личност

Објавено пред

Лојалноста е одлука, но за некои знаци е потребен повеќе труд. Нивната потреба за возбуда, новина и постојана потврда на љубовта честопати ги води кон искушение.

dobivaj vesti na viber

Близнаци
Близнаците брзо губат интерес и постојано бараат нешто ново. Нивната љубопитност и желба за разновидност им отежнуваат да останат само со една личност.

Овен
Овните се страствени и импулсивни. Кога чувствуваат дека врската стагнира, лесно се привлекуваат кон некој што им носи нов предизвик или возбуда.

Стрелец
Стрелец најмногу ја цени слободата. Предолгото врзување за една личност понекогаш може да ги натера да се чувствуваат „затворени“, па затоа бараат излез во паралелни авантури.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Тие имаат бескрајна имагинација, но лесно се заведени од нешто ново: хороскопски знаци што никогаш не го завршуваат она што го почнале

Објавено пред

Тие замислуваат живот полн со успех, патувања, признанија и исполнети желби, но патот до тие соништа често се претвора во бесконечно одложување и губење на фокусот.

dobivaj vesti na viber

Цели светови полни со бои, идеи и грандиозни планови живеат во нивните глави. Додека нивната имагинација лета високо, нивните стапала понекогаш остануваат цврсто залепени за местото каде стојат.

Кои се овие хороскопски знаци?

Риби
Рибите имаат бесконечна имагинација и идеи што би можеле да го променат светот, но честопати им недостасува структура и организација за да ги спроведат во пракса. Нивните соништа се прекрасни, но брзо се совладани од секојдневниот живот, па затоа остануваат само во нивните умови наместо на хартија.

Близнаци
Близнаците сакаат сè одеднаш и затоа ретко завршуваат нешто. Нивната љубопитност ги води во илјада различни насоки, но кога ќе дојде време да постигнат нешто конкретно, тие веќе се ментално на нов проект.

Стрелец
Стрелец обожава големи планови и визии за иднината, но нивната потреба за слобода честопати ги спречува да истраат до крај. Лесно се заведуваат од нов предизвик, оставајќи ги старите цели полузавршени и заборавени.

Водолија
Водолиите размислуваат надвор од кутијата и сонуваат за револуционерни промени, но честопати им недостасува трпение за малите, секојдневни чекори што водат до тие големи достигнувања. Нивните соништа честопати остануваат само фасцинантни идеи во нивните глави.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет40 минути

Рубио: Трамп е единствениот лидер кој може да разговара со Русија, Украина и Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија44 минути

„Марш за Ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....

Македонија1 час

Изгаснат е тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите во „Дрисла“ и Трубарево, активен е пожарот на Кожуф

Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик)...

Македонија1 час

Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника, по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево...

Свет1 час

Израелскиот министер за одбрана: „Газа гори, нема да попуштиме додека мисијата не биде завршена“

Израелската војска ги засили нападите врз Газа во текот на ноќта, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додавајќи дека целта...

Свет2 часа

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и сопрете го Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе „јасна позиција“ за да го запре Владимир Путин и да...

Македонија14 часа

Град Скопје не е надлежно за фабриката во Трубарево, „Вардариште“ е на Гази Баба, кај си да писнеш за УСЈЕ, му порача Арсовска на Ѓорѓиевски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи по последните случувања со пожарите во Трубарево, „Дрисла“ и „Вардариште“...

Македонија14 часа

Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето...

Топ14 часа

Скопјанeц ги убил девојката и татко и во Велес, па се самоубил

Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско...

Македонија15 часа

Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и...

Македонија16 часа

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија18 часа

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ19 часа

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија21 час

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија21 час

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија21 час

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија21 час

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија22 часа

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија23 часа

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...

Македонија23 часа

(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен...