Македонија
Македонија ќе се вклучи во заедничкиот транзит на ЕУ и ЕФТА
Работната група на ЕУ и ЕФТА земјите ги усвои во ворникот одлуките на Република Македонија да и биде упатена покана за полноправно членство во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока.
Делегација на Царинската управа, предводена од директорот Радеска–Крстевска, во понеделникот присуствуваше на 158-от состанок на ЕУ-ЕФТА Работната група за заеднички транзит и олеснување на формалностите во трговијата со стоки кој се одржа во Брисел, Белгија.
На состанокот, Работната група на ЕУ и ЕФТА земјите ги усвои одлуките на Република Македонија да и биде упатена покана за полноправно членство во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока.
Се очекува Советот на ЕУ во мај годинава да ги усвои овие одлуки, а Македонија да ја доврши правната процедура за пристапување кон Конвенциите, што се очекува да се случи на 1-ви јули 2015 година.
На состанокот, беше усвоен позитивниот извештај на мониторинг мисијата на Генералниот Директорат за царина и оданочување (DG TAXUD) за исполнетоста на условите за пристапување на Македонија кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, спроведена на почетокот на годината, а директорот на Царинската управа одржа презентација пред присутните претставници на земјите членки на ЕУ и ЕФТА за преземените активности за исполнување на условите за членство во двете Конвенции.
Престојот во Брисел, делегацијата на Царинската управа го искористи да присуствува и на состанокот на Работната група за е-Царина на DG TAXUD кој се одржува во вторник, каде директорот на Царинската управа ги запозна присутните за подготвеноста на Македонија да пристапи кон споменатите Конвенции./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.