Македонија
Преображение Господово
Православните верници денеска го чествуваат празникот Преображение на Господ Исус Христос, кој спаѓа во големите празници и е еден од осумте Христови празници.
За овој празник според народното верување за прв пат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде свештеникот по молитвата го благословува. Овој чин претставува и благодарност кон Господа за сите природни дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје.
Кузман Шапкарев го запишал и верувањето: „Веруваат дека на Св. Преображење Господње или ноќта спроти празникот, секоја година се отворало небото и тога се поклонвеле дрвјата со врвовите до земја. Во тој момент кога ќе бидело небото отворено, шчо да посакал чоек од Бога, Господ ќе му дадел“.
Откако бил крстен во реката Јордан, Исус отишол во пустина каде што 40 дена живеел во пост и молитви. Потоа почнал да го проповеда своето учење. Имал многу ученици, но од нив одбрал 12 што ги подготвувал да го шират неговото учење по светот. Ги нарекол апостоли што значи пратеници. Им раскажувал што ќе се случи во иднина, дека тој ќе биде фатен од противниците на неговото учење, дека ќе биде мачен и распнат и дека ќе умре и воскресне. Учениците не можеле да поверуваат синот Божји така да страда и да умре. За да не се разочараат и да не го напуштат учењето кога тоа ќе се случи Исус решил да им покаже како тоа ќе изгледа. Повел тројца апостоли Петар, Јаков и Јован да им го покаже чинот на воскресението. Зошто Исус не ги повел сите 12 апостоли да го видат тој чин? Веројатно затоа што Јуда не бил достоен да го види тоа, а да го изоставел само него тој ќе имал оправдание за предавството што подоцна се случило.
Тројцата апостоли Исус ги однел на планината Тавор. Апостолите изморени од патот веднаш заспале, а Исус почнал да се моли на Бога. Одеднаш лицето почнало да му свети како сонце, а и облеката му станала бела како снег. Тогаш се појавиле и двајцата старозаветни пророци Мојсеј и Илија. Кога се случило преображението апостолите се разбудиле и виделе како Исус разговара со пророците за тоа што наскоро ќе се случи во Ерусалим, за мачењето и распнувањето, за смртта и воскреснувањето. Тогаш ги прекрил светол облак и се слушнал глас од облакот „Ова е мојот возљубен Син, во кого е мојата волја, него послушајте го!“ Тројцата апостоли паднале на земјата ничкум, а Исус ги допрел и им рекол „Станете и не бојте се!“ Кога станале не виделе ништо освен Исус онаков како што бил пред преобразувањето. Тогаш Исус им рекол „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите“. /крај/ох/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

