Македонија
Прекин на повеќе патни правци низ Македонија поради излевање на реките
Патниот правец Скопје – село Брезница – Кула – Коломонт – Македонски Брод се уште е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт – Близанско, а дел од другите патни правци низ Македонија се во прекин поради излевање на реки, соопштуваат од АМСМ.
Ренџерската служба на ЈП Јасен во рамките на своите надлежности го расчистува патот на којшто има одрони и непосредно ги известува патниците за движење на овој патен правец. Поради излевање на реката Вардар на коловозот, сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин. Поради излевање на реката Брегалница превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село.Патниот правец Прилеп-Крушево во близина на село Врбјани е во прекин, а исто и помеѓу селата Боротино, Обрашани и Кривогаштани. На патниот правец Демир Капија-Корешница поради излевање на реката Вардар воведена е забрана за патнички возила. Магистрален пат А-3 Делчево-Кочани е пренасочен по Р 2345 преку село Бигла поради поголеми одрони кај местото Драките. Сообраќајот за сите сите видови на моторни возила на локалниот пат крстосница 20 ти км брана Мантово е непрооден поради излевање на реките.Од крстосница за влез во централното градско подрачје на Штип сообраќајот е затворен за сите моторни возила. Регионален патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај. Сообраќајот на регионалниот пат Р-2232 кај местото Глобица атар на село Ратавица поради свлечување на брегот и на поголем дел од коловозот во ширина сообраќајот е во прекин, локалниот пат село Ратавица према село Бунеш е во прекин поради поткопување на патот и рушење на мостот на река Злетовица.Сообраќајот е во прекин и на патниот правец село Горни Подлог-село Мојанци поради излевање на река Масалница и патниот правец према с. Кучичино поради излевање на реката Брегалница.Регионален пат Крушево- село Пуста Река не е прооден поради тоа што екипа на Македонија пат не е помината. Чистењето на тој патен правец е во текот на денот.Прекин на сообраќајот има на следните патни правци: регионален патен правец село Мало Коњари-село Кадино Село како и ПРСМВ Прилеп-Кривогаштани на местото Бегова Ливада има премногу вода, но не е во прекин.Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште-Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.Забраната за движење поради свлечиште кај село Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек. Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон село Степанци и село Суво Грло.На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат. Регионалниот патен правец село Новаци-Рибарци-Гнеотино-Брод, како и патот од село Кременица до село Гремијан се под вода и на истиот има поголеми оштетувања.На патниот правец Делчево – Македонска Каменица на 14-тиот ина 27-миот километар во должина од 200 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Мостот на реката во село Гремијан е пред уривање.На патниот правец Р1306 Прилеп-Кривогаштани-Крушево на поради излевање на одводните канали на коловозот има вода во висина од 20см. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Делчево и Кула.АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар е укината во 08:45часот./крај/амсм
Извор: Извор Фото: Општина Штип
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани
Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во земјава, истакнувајќи ја силната поддршка на Соединети Американски Држави и вербата во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија.
Агелер потсетува дека пристигнала во Скопје пред три години како десетта амбасадорка на САД и дека била, и останува, длабоко почестена од можноста да ја претставува својата земја. Таа наведува дека уште на почетокот на мандатот изразила силна вера во македонските граѓани и дека таа вера со текот на времето била потврдена и зајакната.
Во писмото, амбасадорката посочи дека во одредени сегменти е постигнат напредок, а во други останува уште работа.
Агелер потсетува дека 2025 година ја одбележала 30-годишнината од билатералните односи меѓу САД и Северна Македонија и наведува дека заедничката работа донела конкретни резултати во области како економски раст, енергетска независност, судска реформа, инфраструктура, образование, културна заштита и евроатлантска интеграција.
Агелер посебно ја нагласува личната димензија на мандатот, наведувајќи дека низ земјата била примена во училишта, цркви, судници и домови, и дека со граѓаните водела отворени и искрени разговори, дури и кога постоеле несогласувања.
„Постои нешто магично во оваа земја – нејзината неверојатна убавина, нејзината историја, традиции и култури; нејзините противречности и извонредната отпорност и изненадувачкиот хумор на нејзините луѓе наспроти големите предизвици и длабоките загуби. Сето тоа го споделивте со мене, и ја напуштам Северна Македонија со чувство на огромна благодарност за вашата љубезност, за вашата несебична дарежливост и за силата за која знам дека ја имате за да ја надминете секоја пречка што ќе се најде на вашиот пат“, порача.
Во завршната порака, амбасадорката нагласува дека САД секогаш ќе стојат покрај Северна Македонија и ја повторува својата верба во визијата за посилна, побезбедна и попросперитетна земја, целосно интегрирана како евроатлантски партнер и сојузник.
Македонија
Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег
Следниве денови ќе носат променливо време со постепено покачување на температурите, проследено со врнежи кон крајот на неделта.
Според прогнозата на Хидрометеоролошката служба, утре на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладнево се очекува магла во поедин котлини. Ветрот ќе биде слаб и од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 2 °C, додека максималните ќе достигнат од 6 до 10 °C.
За главниот град се предвидува променливо облачно со сончеви периоди и можност за магла претпладне. Температурите во Скопје ќе варираат од -1 °C минимална до 7 °C максимална.
Во наредните денови, до сабота времето ќе остане променливо облачно со пораст на дневните температури и појава на магла по одделни котлини. Забележителна промена се очекува од сабота кон крајот на денот, кога ќе започнат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Неделата врнежите ќе се интензивираат, особено во попладневните и ноќните часови. Во тој период се очекуваат пообилни врнежи, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во понеделник.
Македонија
(Видео) Филипче: Искрено верувам во ова што го правам, сакам да бидеме европско општество без корупција
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција потенцираше дека неговата работа е искрена, се темели на чесни намери и верува доколку граѓаните дадат доверба на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на некој следен циклус на избори да ја предводи владата, Македонија може да биде европска држава без корупција.
„Искрено верувам во ова што го правам. Јас сум човек што работи милиметарски прецизна работа и добро сум пресметал пред да се нафатам да го правам ова, што сакам, која е позадината и што сакам да постигнам. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите да влеземе во Европската Унија затоа што тоа е стратешката цел“, рече Филипче.

