Култура
Оригиналот на „Цвеќето на злото“ продаден за 775 илјади евра
Оригиналниот примерок на збирката песни на францускиот поет Шарл Бодлер со потпис на авторот, е продаден на посебна аукција во Париз за неверојатна цена од 775 илјади евра
Аукцијата на 108 предмети кои му припаѓале на еден од најславните француски поети е одржана во парискиот хотел l’Hôtel Drouot, а биле понудени лични писма и книги. Вкупно на аукцијата биле заработени повеќе од 4 (четири) милиони евра. Тоа е двапати повеќе од сумата која била проценета од страна на организаторите, јави AFP.Инаку имотот на Шарл Бодлер по неговата смрт во 1867 г. и’ припаднала на неговата мајка, Каролен Опик, а потоа минала во сопственост на нејзината правна советничка Нарацис Ансел, која меѓу другото го наследила и овој примерок на збирката прекрасни песни „Цвеќето на злото“. Целиот тој имот подоцна го наследува семејството на адвокатката.Овие дела од 1957 се наоѓале во Националната библиотека, а во 1968 г. се пренесени во париската П’ти Пале (Малиот дворец) и биле сопственост на фондот „Опик – Ансел“ кој се грижел за оставштината на семејството Бодлер да се пренесуваат од генерација на генерација.Засега примерокот кој бил посветен од Болдер на Нарцис Ансел е проценет меѓу 120 и 150 илјади евра, пишува париски Le Figaro. А писмото во кое Бодлер „зборува“ за самоубиство, пред да се самоубие на 30-ти јуни 1845 г., е проценето меѓу 50 и 75 илјади евра, почетна цена.Станува збор за рекордно висока цена која ја достигнал примерок од оваа книга. Во 2007 г., примерок од збирката со посвета на Бодлер за неговиот пријател сликарот Ежен Делакроа, на аукција во Сотби е продаден за 603.200 евра, забележуваат француските медиуми.Енормно високи цени постигнале и писмата на поетот. На пример, шесте писната што Бодлер му ги напишал на пријателот Едуард Мане се продадени за 110 илјади евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Македонскиот филм М со ново гран при, овој пат во Шведска
Македонскиот филм М, во режија на Вардан Тозија, а во продукција на „Фокус покус“, ја освои главната награда за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм Light Till Dark во Оребро, Шведска.
„Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Филм со силни актерски изведби и сензитивна режија. Тоа е прекрасен филм, еднакво визуелно и тематски. Филм кој нè остава со надеж, но и скршено срце“, беше образложението на интернационалното жири.
Фестивалот Light Till Dark е фестивал чија селекција обединува нови и класични филмски дела од областа на фантастиката, научната фантастика и хоророт. „Целта на овој фетивал е да се промовираат жанровски филмови, но и да се откриваат нови дела, кои не стигнуваат во широка дистрбуција“, изјави Даниел Лундстен, директорот на фестивалот.
М не запира со својата фестивалска турнеја. Следни проекции ќе се одржат на почетокот на декември, каде што М ќе ги има својата холандска и финска премиера во рамките на официјалните селекции на фестивалот Eastern Neighbors во Хаг и Интернационалниот скандинавски филмски фестивал во Хелсинки.
Култура
Прва читачка проба на претставата „Народен пратеник“
Првата читачка проба на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин започна денес, а асистент на режија е Шенај Мандак.
Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. Како сценограф се потпишува Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, а преводот е на Загорка Поп-Антоска Андовска.
Овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Бранислав Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш – 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби. Режисерот Савин и авторот Нушиќ се неминовен и неизоставен дел од МНТ. Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период – ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ.
Во 80 години постоење, од 1945 година до денес, поставени се осум негови дела со вкупно шеснаесет постановки од повеќе режисери и во различни верзии.
Култура
Изложба на Јана Манева-Чупоска во Истанбул
Јана Манева-Чупоска изложува во Истанбул во Македонскиот центар. Отворањето на изложбата е на 27-ми среда во 19.00 часот.
Манева-Чупоска ќе излага цртежи од циклусот „Љубовници во пандемија“. Насловот има алегорична конотација и алудира на надежта и потребата на човекот кон подобро утре. Преку фигуративните композициски ликовни претстави, колажни експерименти авторката Јана Манева – Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во време на корона кризата, но и покрај официјалното завршување на вирусот кај човекот остави длабоки психолошки траги на страв и несигурност.
Изложбата се состои од триесеттина дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника молив, јаглен, акрил и темпера и еден диптих во поголем формат изработен во техника акрил.
Изложбата е финансирана од Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија како изложба од национален интерес за 2024 година.