Забава
Поранешна љубовница на Вудс ќе објави нивни заеднички фотографии

Познатата старлета и една од љубовниците на познатиот голфер Тајгер Вудс, Џоселин Џејмс најави дека наскоро ќе ги објави фотографиите кои се потврда за нејзината афера за со светски
Познатата старлета и една од љубовниците на познатиот голфер Тајгер Вудс, Џоселин Џејмс најави дека наскоро ќе ги објави фотографиите кои се потврда за нејзината афера за со светски познатиот голфер.
Откако на својот веб-сајт објави 100-ина СМС пораки што наводно ги добила од Вудс, поранешната порно глумица сега напишала дека наскоро ќе ги објави и првите фотографии што ги направила заедно со Вудс.
Извесната Џина Родригез, која се претставила како менаџер на порно глумицата не сакала да дообјасни кога најавените фотографии ќе го здогледаат “светлото на денот“ .
“Се што можам да кажам е дека се што ќе биде објавено на нејзината веб-страница се однесува на нејзиниот однос со Вудс“, изјавила Родригез.
Според Џејмс, материјалот мора да биде објавен за да се докаже дека Вудс ни малку не бил искрен кон својата фамилија и кон американската јавност, особено поради фактот што за многумина беше идол и пример за добро однесување/крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Крај на ретроградниот Меркур: Овие четири знаци во септември ќе блеснат

По неколкунеделна конфузија, недоразбирања и застои, ретроградниот Меркур конечно заврши. Според астролозите, ова ќе донесе олеснување за сите, но за четири хороскопски знаци септември ќе биде вистински процут
Девица – повторно ја враќа својата стабилност и јасност. Време е за ред, здрави рутини и завршување на заостанати проекти.
Близнаци – исчезнуваат недоразбирањата, а се враќа менталната енергија. Одличен период за комуникација, нови контакти и креативни проекти.
Јарец – со директниот Меркур доаѓа јасен фокус и нова одлучност. Идеите лесно ќе се претворат во конкретни чекори, особено во работа и финансии.
Стрелец – повторно добива енергија за планови, патувања и нови искуства. Времето на застој завршува, а пред нив се отвораат нови можности.
Астролозите велат дека ова е совршен момент за носење важни одлуки, обновување на односите и реализација на замисленото. „Маглата се крева и се отвораат врати за напредок и исполнување“, вели експертот за астрологија Џоан Џонс.
Забава
Преполн Паркот на Франкофонија синоќа за концертот „Нешто што ќе остане“

Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски, во своето обраќање пред присутните, истакна дека кога пред три години ја добил идејата за концертот „Нешто што ќе остане“, не можел да замисли дека ќе прерасне во толку голема традиција со ваков одѕив и поддршка, и од изведувачите и од граѓаните.
„Но ете, идејата прерасна во прекрасна традиција. Трета година по ред се собираме овде, во срцето на Скопје, под отворено небо, на концертот ‘Нешто што ќе остане’. Секоја година со нови изведувачи и нова енергија, но едно останува исто – македонската музика. Овде Македонија пее и ние со неа, на бината и во публиката! Македонските уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка. Тие ја претставуваат Македонија гласно, гордо и со љубов. Уживајте во музиката на нашата и вашата младост, затоа што овие моменти остануваат трајно врежани во сеќавањата. Се гледаме и следната година на ‘Нешто што ќе остане’, затоа што Македонија има свој глас, своја песна, затоа што македонската песна е силата што нè обединува“, рече Герасимовски.
Музичкиот настан „Нешто што ќе остане“ е во организација на Општина Центар.
Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.