Економија
Македонија трета според растот на БДП во третиот квартал споредено со земјите од ЕУ

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2013 година изнесува 3,3 отсто (Бруто домашен производ) во третиот квартал во 2013 година, со што не само што е меѓу највисоките во регионот, туку е и меѓу навискоките споредено со земјите од 28-члената Европска унија, според последните податоци на европската статистичка агенција Eurosat.
Во Европската унија во третот тромесечје од годинава најголем раст на БДП-то остварија Романија од 4,1 отсто и Латвија од 3,9 проценти, по што доаѓа Македонија со 3,3 отсто, остварување коешто ги надмина неодмана прелиминарните процени на министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески кој чекуваше 3-процентен раст. Станува збор за трет квартален раст на македонската економија, откако во претходните две тримесечја беше забележан раст на БДП-то од 3,4 отсто
Во третото тримесечје од 2013 година, според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, забележан е пораст во повеќето сектори, и тоа најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 30,5 отсто, Сообраќај, складирање и врски од 5,8 проценти и Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 2,8 отсто
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2013 година, во однос на истиот период од 2012 година, номинално расте за 4,0 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 72,8 отсто.
За истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 7,2 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 2,1 отсто.
Кога станува збор за растот на БДП-то, Македонија е меѓу водечките 18 земји коиштро забележале позитивен раст на БДП, во споредба со земјите од ЕУ, а по неа следат економиите на Литванија со раст од 2,3 отсто, на силните Норвешка и Швајцарија од 1,9 отсто, на Полска – 1,7; Унгарија – 1,6 и Велика Британија со раст од 1,5 отсто. Раст на БДП во третиот квартал помал од еден процент според Eurostat забележале Словачка – 0, 7 отсто; Бугарија – 0,7; Германија – 0,6; Естонија – 0,6, Данска 0,5; Белгија – 0,4; Шведска – 0,3; Франција – 0,2, Австрија од 0,2 отсто
Најлошо според негативната стапка на раст стојат Кипар и Грција, со -5,7 односно -3,0 отсто, а другите земји од регионот членки на ЕУ Хрватска и Словенија забележале пад на БДП-то од 0,6, односно 1,3 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.